Дом и семејство
Се породи снаата на Цеца Ражнатовиќ: Се огласи гордата баба- денес е голем ден, Крстан се роди на роденденот на покојниот Аркан!
Сите се пресреќни пораид приновата...
Денеска е голем ден за семејството Ражнатовиќ.
Снаата на најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ го роди второто дете, синот на кој му го дадоа името Крстан.
Богдана Ражнатовиќ се породи во приватна клиника во Белград а малиот Крстан се роди на вториот ден од Велигден и доби оценка 10.
Како што пренесуваат српските медиуми породувањето поминало во најдобар ред, мајката и бебето се чувствуваат одлично, а баба Цеца, тато Вељко, и постариот брат Жељко со многу радост ја дочекаа најубавата вест.
Вељко, Цеца, Лидија како и мајката на Богдана, Данијела биле со снаата во породилиштето.
Со бремената Богдана како поддршка беа и нејзината свекрва Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Вељко.
По породувањето се огласи и гордата баба.
– Толку сум среќна што можам да летам! Ова е благослов, се случи се убаво што можеше да ми се случи – изјави Цеца за новинарските екипи.
– Вториот ден од Велигден, роденденот на мојот покоен сопруг. Бев толку возбудена што не обрнав внимание дека Вељко заплака. Бебето е тешко 4.200 грама, доби оценка 10, а долго е 54 см – изјави пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.