Кафе муабет
СЕ ПОРОДИ ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ А СЕГА ИЗГЛЕДА КАКО “БOMБА”: Ана Севиќ го “запали” Инстаграм со оваа фотографија- фановите изненадени од нејзиното совршено тело!
Пејачката ја доведе до совршенство својата фигура...
Иако се породи пред само два месеци со своето второ дете, пејачката Ана Севиќ изгледа како никогаш и да не била бремена.
Ана Севиќ ја роди ќерката Сена во декември минатата година, а помалку од два месеци по породувањето, таа ја покажа својата совршена фигура.
Ана позираше во лифтот и ја објави фотографијата на Insta-story.
Освен што Севиќ се врати на својата тежина по раѓањето на своето второ девојче, многу жени и завидуваат на фигурата и совршеното тело.
„Не мислам дека би имала вака затегнато тело дури и да спијам во теретана“, „Колку си убава жена“, „Ти си совршена“, се само некои од коментарите на следбениците на Ана на Инстаграм.
Инаку, Ана од поранешниот сопруг Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, а неодамна за Информер изјави:
„Лорена на својата сестричка и го даде името Сена, а Даниел е татко за пример. Тој е грижлив и многу ми помага, така што можам само да му се заблагодарам на Господ за сé. Лорена, Сена, Даниел и јас ќе бидеме сами за Нова година но и за Божиќ, но мораме така заради короната. Многу луѓе ги изгубиja своите животи заради тој вирус. Но за среќа, јас немав корона, а Даниел ја прележа со благи симптоми“, изјави тогаш популрната пејачка и додаде:
„Оваа година ми донесе најголем подарок – уште едно девојче. И покрај се, за мене 2020 година беше мошне убава. Планирам и во новата година да работам на наталитетот. Се надевам дека и другите размислуваат така бидејќи треба да се има што повеќе деца. Лорена е воодушевена што доби сестричка“, изјави популарната пејачка непосредно пред Новата година.