Кафе муабет
Се породи познатата водителка- начинот на кој ја објави добрата вест ги изненади сите!
На бебето му го дадоа името Ана...
Водителката и актерка Маријана Миќиќ пред две недели на својот „Инстаграм“ објави дека декември е последниот месец во кој ќе ги одбројува деновите додека не го запознае своето девојче.
Сега, судејќи по нејзиниот профил на споменатата социјална мрежа, Маријана Миќиќ се оствари во улога на мајка и на свет донесе здраво девојче.
Маријана Миќиќ се породи а на своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ се обиде да им ја соопшти добрата вест така што го смени името во МаријАна Миќиќ, а потоа во описот додаде:
Имам Миша и МишАна.
Маријана ја потврди радосната вест ексклузивно за српскиот портал Стори, и посочи дека Ана Марјановиќ пристигна на свет.
Во домот на Маријана Миќиќ и Милош Марјановиќ се е подготвено за пречек на малата Ана чија соба ја украси горда мајка непосредно пред породувањето и ја покажа на својот Инстаграм профил.
За потсетување, актерката наиде на негативни критики откако зборуваше и за вакцинацијата против корона вирусот и особено апелираше до трудниците да разговараат со својот лекар. Таа сакаше да им даде поддршка и да ги охрабри сите идни мајки.
„Сите имаме исти стравови, исти размислувања на илјада нивоа и илјада теми, особено сега кога сме преосетливи и ранливи. Јас не сум доктор и не можам да дадам совети поврзани со оваа тема, но во морето на ова лудило можам да бидам капка од твојата поддршка, бидејќи „Знам колку бранови од истото ме носеа каде и да се свртев, прашував, погледнував, да донесам одлука. На крајот, мојата одлука беше да го слушам мојот лекар и се вакцинирав во бременоста“, рече таа.