Кафе муабет
Се породи „Гранд ѕвезда“ – објави слика од болница, го откри и името бебето!
Таа беше во групата со Александра Пријовиќ, Катарина Грујиќ, како и со Амар Гиле, меѓутоа, наскоро се повлече од сцената...
Пејачката Рада Сариќ, која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, се породи и роди ќерка на која и го дадоа името Даница.
Рада објави на својот Инстаграм профил, фотографија со бебето и напиша:
“Не знаев колку љубовта лесно се споделува додека не те добив тебе, мојата најсјајна Даница. Те сакам мама, тато и тато. Добредојде”, напиша таа.
Да потсетиме, Рада Сариќ имаше блескава кариера откако се појави во „Ѕвездите на Гранд“ во 2013 година.
Таа беше во групата со Александра Пријовиќ, Катарина Грујиќ, како и со Амар Гиле, меѓутоа, наскоро се повлече од сцената.
Инаку, нејзиниот сопруг Милан Коловиќ е син на прочуениот Мали мрав, Томислав Коловиќ.