Дом и семејство

Се породи бабата која го носеше своето внуче – На 51 година ја роди малата Бријар!

Мајчината љубов е безусловна

Дека мајката ќе направи се за своето чедо, докажа и Џули Лавинг која стана хит во светот откако пред неколку дена на 51 година го роди сопственото внуче.

 

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

 

Имено таа  го прифати предлогот да биде сурогат мајка на сопствената ќерка Бриана Локвуд која не можела да остане бремена речиси четири години.

 

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

 

Иако има 29 години, Бриана веќе со години заедно со сојот сопруг Арон Локвуд (28) се обидуваат да имаат дете. Тие се свршија во 2016 година, а заедно се уште од средно училиште, но по цела година обидување таа да остане бремена по природен пат, обидот бил безуспешен.

 

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

 

Парот по неуспешниот обид остварил средба со докторот Брајан Каплан на Клиниката за плодност во Илиноис каде започнале процес за ин-витро оплоду вање, но по голем број обиди и два спонтани абo pтycи тие полека почнаа да ја губат надежта дека ќе станат родители.

 

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Сплетот на околностите довел до тоа Бриана и нејзиниот сопруг да дојдат на идеја за сурогат мајчинство.

Кога нејзиниот дедо се разболел, тие решиле да побрзаат со намерата да станат родители, бидејќи тој сакал да го запознае својот внук пред да замине од овој свет.

 

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

 

Мајката на Бриана, 51 годишната Џули Лавинг понудила на својата ќерка таа да го роди сопственото внуче, која на почетокот рекла дека тоа е лудо и незамисливо, но потоа прифатила.

 

„Како мајка би направиле се’ за да му помогнете на своето дете. Кога ќе видите дека навистина ја боли и дека тагува, а знаете дека можете да помогнете, тоа и ќе го направите“, раскажа Џули за медиумите.

Инаку среќната вест за раѓањето на малиот ангел, на кој му го дадоа името Бријар Џулиет Локвуд, Бриана Локвуд ја објави на Инстаграм.

“Мајка ми многу добро го издржа тешкото породување. Жртвата која таа ја даде за да го донесе ова мало парче рај на светот ме остави без зборови. Прекрасно е да ја држам ќерка ми во раце. Чувствувам дека ќе направам сè за ова бебе, исто како што направи мајка ми за мене“, напиша, во својата трогателна објава Бриана Локвуд.

“Начинот на кој мајка ми ме сака и нејзината несебичност се чисти и искрени. Мајка ми и бебето се одлични”, додаде 28-годишната девојка која претрпела разни операции и медицински помагала за оплодување.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close