Кафе муабет

СЕ ПОГЛАСНИ ГЛАСИНИТЕ ЗА НИВНИОТ РАЗВОД: Најубавот турски пар неможе повеќе да крие- ни гej аферата не ги раздрма како оваа ситуација

Го чекаат второто дете...

Атрактивниот турчин Бурак Озчивит е еден од омилените актери, кој кај нас се прослави по улогата на Бали бег и ги освои срцата на жените ширум светот.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Имено, Бурак е во брак со убавата Фахрије Евџен од 2017 година, а го имаат тригодишниот син, а наскоро треба да дојде уште едно бебе.

фото инстаграм/Бурак

Сепак, сега во медиумите се повеќе се шушка за нивните проблеми во љубовта и покрај тоа што се изгледа идилично.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Очигледно парот често има расправии, а нивната врска беше особено на стаклени нозе за време на пандемијата.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Се пишуваше дека актерката и нејзиниот син боледуваат од Ковид и цело време биле дома, но дека тогаш Фахрије постојано се расправала со Бурак. Се шпекулираше дека во еден момент дури и го кренала гласот на свекрвата. Како што пишуваат турските медиуми, тогаш згодниот актер реагирал, тој застанал во одбрана на мајка си поддржувајќи ја неа.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Иако во медиумите се почесто се шпекулираше дека Фахрије решила да го напушти својот луксузен дом токму поради оваа причина, овој пар тоа го демантираше објавувајќи заедничка фотографија на Инстаграм.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

А исто така интересно е што ова не се единствените проблеми во бракот со кои се соочила двојката, па затоа, како што пренесува Стил, Фахрије долго време се борела со депресија по смртта на нејзиниот татко, кој ја изгубил битката со ра-кот на желудникот. Таа одбила психолошка помош, па Бурак во тој момент се грижел за детето. Упатените тврдат дека Бурак често е на работ на трпението и дека, иако ја сака својата сопруга, често нема сила да се бори со нејзините напади на лошо расположение.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Сепак, излегува дека тие немаат сосема исти ставови кога станува збор за воспитувањето на децата. Ситуацијата еднаш ескалирала за време на нивниот одмор во Бодрум, што соседите морале да интервенираат и да ја смират вревата. После тоа турските папараци ги снимиле како ручаат како ништо да не се случило.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Од друга страна, често се шпекулира дека Бурак е всушност хомосексуалец и дека ја крие вистината бидејќи таа вест би му ја уништила кариерата, а некои турски медиуми објавија дека неговата поранешна девојка го нашла во кревет со маж, што актерот остро негираше.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Како и да е, без разлика на сите бурни вести и ситуации, двојката објави добра вест, актерката е бремена по втор пат, а неодамна објави слика од трудничкиот стомак, која на Бурак особено му се допадна.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Преку нејзините објави и новите фотографии најлесно може да се заклучи како напредува бременоста.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Веста дека сопругата на Бали Бег повторно е во блажена состојба стигна на почетокот на јули, а избраничката на Бурак сега е веќе во петтиот месец од бременоста, па доаѓањето на бебето се очекува на почетокот на следната година.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close