Дом и семејство
Се поблиску до монашкиот живот: Му се оствари големиот сон на актерот Иван Босиљчиќ- еве како Јелена Томашевиќ реагира на тоа
Многу е посветен на верата...
Актерот откри дека му се остварил долгогодишниот роденденски сон со сопругата и ќерката да посети свето место во Русија, каде почиваат моштите на Свети Серафим.
Актерот Иван Босиљчиќ пред неколку дена наполни 43 години, па откри дека му се исполнила желбата на која долго размислувал.
Тој на социјалните мрежи објави фотографија од Русија каде ужива со сопругата Јелена Томашевиќ и нивната ќерка Нина и објасни зошто му е толку важна и посебна.
– Оваа фотографија се нарекува „секунди за гушкање“, технички неточна, направена секунда порано од очекуваното, во суштина е совршена. Тоа сведочи за тоа дека радоста на прегратката започнува пред да се склопат рацете, а трае и кога се разделуваме. Бидејќи прегратката е работа на душата, а не само на раката, изјави актерот кој е роден на празник, па особено го слави и почитува тој светец.
– Честит празник Свети Серафим Саровски. Радувајте се. Прегратки! Ви благодариме на сите за роденденските желби. Ве гушкам искрено и цврсто, напиша Иван, кој во текот на денот добиваше низа честитки.
Познат како некој кој многу ја цени духовноста, Иван откри и дека неговите желби се такви. Едната му се оствари, па затоа оваа година мораше да замисли друга во моментот кога ги затвори очите…
– Пред неколку месеци, на патување во Русија со моите девојки, го посетив манастирот Дивјево каде почиваат моштите на свети Серафим. Ми се исполни старата роденденска желба – да дојдеме овде заедно, откри Иван и објави фотографии на кои ужива заедно со двете најважни жени во неговиот живот, сопругата и ќерката.
Овој роденден, го прославил со семејството, но тоа утро отишол во црква.
– Иван е роден на празник и затоа секој пат му пали свеќа на Серафим и му се моли. Духовниот живот му е исклучително близок и почитува се што е во склад со монашкиот живот. Тој ја чува својата икона во куќата, а Јелена и нивната ќерка знаат колку му е важно сето тоа. Затоа немаше полемики околу исполнувањето на неговата желба неколку месеци пред неговиот роденден, кога сите имаа време, отидоа во Русија да го посетат познатиот манастир.
Инаку Иван на неколку наврати истакна дека на својата ќерка и дава неизмерна љубов и дека не е строг татко.
– Мојата намера да бидам строг со ќерка ми исчезна. Јелена и јас и даваме на нашата Нина неизмерна љубов. Животот ќе ја научи на останатото и тој ќе биде немилосрдно строг. И таа ќе издржи се само ако ја научиме на љубов – рече Иван за „Hello“.
Јелена и Иван прославија десетгодишнина од брак, а актерот нагласува дека не постои рецепт за совршена врска.
– Секој брак е универзум за себе, не се осмелувам да давам совети на таа тема, единственото нешто за што можам да зборувам е начинот на кој ние живееме и начинот на живот од кој не се откажувам. На прашањето дали е романтичар, Иван вели:
– Таму каде што има чувства, има романси. Секој што слуша, чувствува и замислува е романтичен. Мислам дека нема врска со возраста, ниту со времето каде живееме.
Неодамна и Јелена коментираше како гледа на бракот и како го гледа своето партнерство со Иван.
– Бракот е духовен подвиг и тоа е заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг – изјави пејачката.
– Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа што го сакам, па среќна сум кога неговите успеси се во прашање – додаде Јелена Томашевиќ.