Кафе муабет
Се омажи Тања Савиќ?!- блесна во венчаница, откри дека се се случило во Бања Лука и ги изненади фановите!
Се уште не се огласи дали е вистина...
Пејачката Тања Савиќ вчера ги шокираше сите кога на социјалните мрежи објави нова фотографија, на која таа е облечена во бело со вел на главата.
Имено, пејачката позираше во венчаница и посочи дека е во Бања Лука, па во описот на фотографијата напиша: „Свадба“ и додаде емотикони на прстен и бело срце.
Следбениците веднаш и честитаа на Савиќ , а таа не објасни кој е младоженецот и дали навистина се омажила.
Она што и е познато на јавноста е дека пејачката била во врска со Драшко Станивуковиќ, градоначалникот на Бања Лука.
Инаку, многумина коментираат дека Тања снимила спот за новата песна, сепак се уште н есе знае што е вистината.
„Честитки“, „Среќно“, „О, таа само снима видео“, се само дел од коментарите под објавата.
Инаку, Савиќ се разведе од сопругот Душан Јованчевиќ со кој има два сина, а нивната разделба беше повеќе од скандалозна.
Сега кога почна да се опоравува од бурниот развод со Душан и од време на време уживаше во перидот кој го минува со своите деца Максим и Ѓорѓе, Тања Савиќ се најде пред нов педизвик.
Имено, како што близок извор на пејачката неодмана откри, Душан наскоро има намера да дојде во Србија, како би се борел за синовите и да и го загорчи животот на пејачката. Тања од таа причина најмила приватно обезбедување со цел да се заштити себе си и децата.
– Откако слушнала дека Душан има намера да дојде во Србија, Тања е во паника. Таа со тој човек помина низ пекол и таман помисли дека се се среди, тој повторно успеа да ја повреди и заплаши.
Тања моментално поминува низ агонија, неколку дена плачеше и одлучи дека овој пат ќе се бори до крај и дека нема да дозволи Душан поворно да и ги земе децата, објаснува близок извор до пејачката.
– Не сака Максим и Ѓорѓе да се посомневаат во нешто и се труди да не видат страв во нејзините очи. Не сака тие да се плашат и да добијат траума. Поради тоа одлучи да најми приванто обезбедување.
Тања, Душан најдобро го познава, со години живееле заедно и знае дека е подготвен, и поради тоа таа се одлучила на таков чекор, окрил изворот и раскажал кои се должностите на обезбедувањето.
– Таа се распраша кај некој свои пријатели кои и препорачаа агенција за проватно обезбедување.
Момчето кое ја чува има специјална обука, тој ја прати на настапи, и на располагање и е кога сака да го викне. Задолжен како за неа така и за нејзините деца, рекол извор близок до Тања Савиќ.
– Иако има обезбеување на Тања и е страв да оди на места каде има гужва. Се гледа само со најблиски пријатели кои и годат и се трудат секој слободен момент да го помине надвор од Белград.
Луѓето кои не ја познаваат мислам дека се е во ред добро изгледа како да се враќа на секојдневните навики, што и тоа и е целта, но константно е на штрек, заклучил тој.
Тања Савиќ во повеќе наврати има раскажано дека трпела малтретирања во бракот и дека нема да дозволи нејзините деца да пораснат со таков модел на однесувања.
– Би ми било нелогично таков човек монструм да има право на моите деца. Ми наметна мислење дека сум глупа, грда, дека не сум добра мајка. Неговата мајка зборуваше колку сум грда, да ја тргнам шминка за народдот да види колку сум грда, рекла своевремено пејачката.