Дом и семејство
Се омажи една од најубавите старлети на Балканот: Откако се породи, сега повторно сподели убави вести
Ана Кораќ го крие партнерот...
Пред неполн месец старлетата Ана Кориќ се породи и на свет донесе здраво момче. Но сега Кораќ повторно ги изненади фановите.
Таа на својот Инстаграм профил објави нова фотографија, а она што привлекува посебно внимание е прстенот на нејзината рака кој наликува на бурма.
Ана Кориќ пред извесно време повторно се врати на социјалните мрежи, откако претходно се повлече поради бременоста.
Иако се обидува да го сокрие приватниот живот од љубопитните очи, секој нејзин потег е внимателно следен од јавноста, па не е ни чудо што нејзината последна објава привлече толку големо внимание.
Ана како што објавија медиумите, се омажила со момче чиј идентитет го крие од очите на јавноста.
Таа крена вистинска бура со новата објава на Инстаграм бидејќи на нејзината рака се гледа скап прстен сличен на бурма, кој ги натера сите да се запрашаат дали Ана и нејзиниот избраник се венчале, далеку од очите на јавноста.
За потсетување, Ана Кориќ еднаш откри дека нејзиниот партнер не сака јавно да се експонира.
Бидејќи не е јавна личност, Кораќ се труди целосно да ја испочитува неговата желба.
На ретките фотографии кои ги споделува со својот партнер, Ана го крие неговото лице но и лицето на новородениот син.
Ана го крие и името на синот од јавноста а според она што шпекулираат локалните медиуми, името на наследникот е од хебрејско потекло и има силно значење- „дар од Бога“.
Имено, Ана, која редовно споделува фотографии со наследникот на Инстаграм, била многу таинствена кога станува збор за името на нејзиното бебе.
– Се чувствувам одлично, исто како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, цело битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме, се надополнуваме и слушаме, јас него и тој мене – рече Ана по породувањето.