Кафе муабет

Се омажи Гвен Стефани- сите зборуваат за деталите на нејзината бајковита венчаница!

Гвен Стефан во неа изгледаше спектакуларно, па не е ни чудо што доби и бројни комплименти...

Популарната пејачка Гвен Стефани вкендов по втор пат го кажа судбоносното “Да”.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

„Соништата се остваруваат“, напиша кратко Гвен покрај фотографиите кои ги сподели, а јавноста беше воодушевена од прекрасната венчаница која ја избра 51-годишната пејачка, со потпис на Вера Ванг.

Гвен Стефан во неа изгледаше спектакуларно, па не е ни чудо што доби и бројни комплименти.

фото инстаграм
фото инстаграм

Горниот дел од венчаницата на поп-sвездата изгледаше како корсет кој ги откри нејзините раменици и изгледаше атрактивно поради длабокото деколте во форма на срце. Овој фустан е всушност практичен, со оглед на тоа дека станува збор за креација 2 во 1 – што всушност е краток фустан, но со додавање на долго здолниште направено од неколку слоеви тул, се претвора во гламурозна венчаница од бајка.

фото инстаграм
фото инстаграм

Секако, Гвен и даде свој печат на венчаницата и на целата церемонија  па не изненади со ексцентричниот избор на чевли – таа носеше бели чизми со вртоглаво високи потпетици.

Пејачката маѓепса со интересните детали, тенка нараквица, дискретно ѓерданче, црвен кармин, што всушност е нејзин заштитен знак.

фото инстаграм

Таа смени два вела – едниот е поурбан и повеќе шик со везени цвеќиња, додека другиот е подолг, поелегантен и покласичен.

Но, она што е најинтересно во врска со венчаницата е тоа што таа им оддаде почит на најважните луѓе во нејзиниот живот: на велот беа извезени имињата на нејзините три сина – Кингстон Џејмс Мек Грегор (15), Зума Несте Рока (12) и Аполо Боуви Флин (7). Но беа испишани и нејзиното и мето на Блејк.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Инаку, парот се запозна во 2015 година на снимањето на музичкиот натпревар „The Voice“, а нив ги обедини фактот дека и двајцата во тој момент беа свежо разведени.

Гвен тогаш рече дека „таа не се обидува да воспостави врска со него“, но дека „беше неверојатно што Бог ги спои во таа ситуација, во точниот момент кога тие може да бидат тука еден за друг“.

фото инстаграм

Блејк, кој нема свои биолошки деца, во неколку наврати зборуваше за фактот дека тој ги воспитува синовите на пејачката од првиот брак.

фото инстаграм

“Не знам дали е потешко или полесно од тоа да се биде вистински, биолошки родител. И јас имам очув, и тој е еден од моите идоли. Го сакам и се угледувам на него, тој ми е како татко, затоа имам добар пример за тоа каков очув им треба на децата и каков сакам да бидам. Ја сфаќам таа улога многу сериозно. Не можам да го замислам животот без тие деца сега “, рече тој во една прилика.

фото инстаграм
фото инстаграм

За потсетување Гвен Стефани се најде на врвот на топ листите во периодот со групата No Doubt. Таа го достигна најголемиот успех со песната Don’t Speak која ја испеа во 1996 година.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close