Новости

Се огласи и сестрата на измамникот Тале и ја кажа целата вистина- откри шокантни детали за велешанецот кој ја растажи цела Македонија

Тале ја малтретирал сопругата...

По веста која ја шокираше јавноста, дека Тале Витанов кој се претставуваше како самохран татко на две малолетни деца, всушност бил измамник се огласија многу личности.

фото Миа Костова/Фејсбук

Јавноста го запозна Тале по една од емитуваните стории на емисијата Срце на Дланка кога се појави и ја растажи публиката со својата сторија дека е самохран родител на две малолетни деца кои често пати си легнуваат гладни бидејќи тој не е во можност да им даде храна и се што е потребно за нив.

фото принтскрин

Овој апел кружеше на социјалните мрежи. Многу хумани граѓани се пријавија да му помогнат на Тале а воедно беше оставена и жиро сметка на која можеше да се испраќаат парични средства за помош.

фото принтскрин

Откако се дозна дека станува збор за измама се огласи и сестрата на Тале, Надица која всушност потврди дека нејзиниот брат лаже и дека е измамник.

фото принтскрин

Нејзиниот коментар го пренесуваме во целост.

фото принтскрин

-Здраво, јас сум Надица Витанова Ристиќ. Јас со тешко срце го пишувам ова, но еве овие два дена почна дури и фамилијата да плука по мене дека јас сум лоша и како никој од нив не ме сакал. Јас не сум должна да трпам пораки поради Тале затоа што целата емисија е голема лага. Додека вртеше емисијата, снаата беше тука, а бега ради тоа што ја тепа и се што таа ќе заработи Тале и одзема. Дури и полицијата во Велес е запознаена со Тале и истиот тој Тале пред неколку години освои 23.000 евра на апаратите, но повторно ги изгуби на истите тие апарати. И после сето ова, јас сум била лошата, никој не ме сакал. Јас имам сопруг и три деца што ме сакаат, а и снаата не ги остава туку така – само не знам зошто се враќа кај него кога тој редовно ја малтертира, а не смее, напиша сестрата на Тале.

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close