Новости
Се огласи Емина Јаховиќ по страотниот земјотрес- пејачката очајна моли за помош
Пејачката потресена од случувањата...
Два силни земјотреси вчера рано утрото ја погодија областа на Турција. Разорниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следел нов потрес со јачина од 6,7 степени.
Според медиумите, повеќе од 2.300 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, кој ги погоди Турција и Сирија и ги срамни со земја населените места.
Потрагата по исчезнатите и луѓето под урнатините продолжува.
Светот е потресен од настаните, а на социјалните мрежи се шират тажни фотографии и видеа, додека корисниците нудат зборови на поддршка.
Силен земјотрес го погоди и Истанбул каде живее пејачката Емина Јаховиќ која се огласи преку Инстаграм.
– Турција прогласи четврто ниво на тревога. Алармната состојба на четврто ниво вклучува меѓународен повик за помош. За сите вас ширум светот кои ја читате оваа порака. На нашите луѓе кои беа под урнатините на земјотресот во мојата земја им треба вашата помош за да се спасат – порача пејачката на Инстаграм.
Во меѓувреме пристигна вест дека тлото не мирува и дека нов земјотрес ја погоди Турција денеска околу 08:15 часот.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Синџик на длабочина од 80 километри.
Според последните информации кои пристигнуваат, бројот на жртвите по разорниот земјотрес надмина 5.000, објави Си-Ен-Ен.
Вчера на социјалните мрежи кружеше фотографија од спасено бебенце кое слободно може да се нарече херој.
Имено, по напорните акции спасувачите успеале да го пронајдат повреденото дете и да го доведат на сигурно, а судејќи по коментарите од мрежите, фотографијата расплака многумина.
На социјалните мрежи се шират видеа од некои успешни спасувачки операции додека сите сочувствуваат со семејствата на загинатите.