Кафе муабет

Се огласи Дарко Лазиќ: Фолкерот ќе стане татко по трет пат- еве за кога закажаа свадба

Дарко посакува уште еден син...

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата девојка Катарина наскоро ќе добијат бебе, а бидејќи таа е на почетокот на бременоста не сакаат многу да откриваат.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Деновиве Дарко Лазиќ и неговата избраничка ги прават сите потребни прегледи во приватна клиника за да се уверат дека плодот се развива како што треба, а радосната вест прво ја соопштиле на најблиските дома.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, блиските пријатели на Дарко велат дека за бременоста дознале случајно, а дека фолкерот би сакал да добие уште еден син, а тоа го потврди и самиот тој.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко и Катарина при прегледот случајно дознале дека е во блажена состојба бидејќи една недела се жалела на мачнини после тренинг во теретана. Тие заминале на преглед како мерка на претпазливост кога на Катерина и се појавил нагон за повраќање. На крајот се испостави дека таа била во блажена состојба околу еден месец. Тогаш им беше јасно дека повеќе не може да тренира како порано, а на тренинзи оди и до пет пати неделно. Ката и Дарко ги тренира ист тренер, па сега таа одработува тренинг на кој ќе може да ја одржува линијата, но без форсирање – вели извор близок до пејачката.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Новинарите го контактирале Лазиќ, кој рекол дека наскоро ќе открие што се случува со бременоста, но дека засега не сака да кажува премногу бидејќи Катарина не сака да се експонира во јавноста.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ката не е тип на девојка која сака популарност. Таа не е од тој свет, се знаеме повеќе од 10 години и има свој бизнис. Не ја интересираат славата и написите во весниците – рече пејачот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Би сакал да добијам уште едно момче – додаде поранешниот победник на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Катарина и Дарко Лазиќ, наводно решиле и што побрзо да се венчаат а пејачот решил да сврти нов лист и повторно да се смири, а решил да основа семејство со својата избраничка, пишува Stars.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина и јас се знаеме 13 години, одамна бевме во врска и секогаш се почитувавме. Бевме во контакт, се гледавме, пиевме пијачка, па таа е секогаш во мојот живот. Всушност, никогаш не ја заборавив Ката, само раскинавме затоа што не беше вистинското време за нас. Во таа смисла, секогаш ги изневерував сите други со неа. Имаше своја врска и брак, па се разведе исто како мене и зошто да не бидеме заедно? Мислам дека е подобро мажот да почека да созрее. Мислам дека штотуку поминавме се и можеме да уживаме заедно до крајот на животот – рече Дарко и продолжи:

фото принтскрин/Курир.рс

– Имам две деца од врските со поранешните сопруги и тоа е убаво. Децата се најубавото нешто и никогаш не би поништил се од минатото иако со жените не ми успеа. Мојот живот е тоа што е, сега имам 31 година и треба конечно да се смирам.

фото принтскрин/Курир.рс

Лазиќ тврди дека дури сега чувствува искрена љубов кон жена и дека сите негови претходни врски се случиле во период кога не бил подготвен да се посвети на вистинскиот начин.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– За прв пат се чувствувам како навистина да сум заљубен. Порано само мислев дека сум, но всушност бев незрел и не го сфачав тоа на вистински начин. Ме боли уво како бившите ќе го толкуваат тоа што го кажав. Се најдобро за нив. Така е, така е и нема да се залажувам и да им се извинувам. Кога мажот чувствува вистинска љубов, не се оправдува пред никого. Ката е постара од мене, никој од нас нема време за грешки. Не ми е гајле дали моето семејство дома ја прифаќа Ката. Тие не живеат со неа, но јас, ќе бидам искрен, сите ја сакаат. Тие ја познаваат исто колку и јас и сите ни се ветер во грб – рече пејачот неодамна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close