Кафе муабет
Се огласи Данијела Мартиновиќ по веста дека Грашо ќе стане татко: Донесов една одлука…
Пејачката не ги коментира вестите за приновата...
Хрватската јавност вчера дозна дека Петар Грашо и Хана Хуљиќ годинава ќе станат родители.
Грашо започна љубовна врска со Хана откако ја раскина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, која не се огласи по нивното раскинувањето и новата љубов на бившиот.
Таа вчера неколку пати се огласи на Инстаграм, а во една од објавите откри дека одлучила да го слави роденденот цела година.
„Кога ќе ме прашаат
колку години имам
одговарам
Не знам
Сè уште ги бројам ѕвездите…
15.7. донесов одлука да славам роденден цела година, а моите пријатели сериозно ја сфатија мојата одлука“, напиша Даниела, фалејќи се со подарокот што го добила.
Пејачката не кажа ништо по повод приновата која ќе ја добие нејзиниот поранешен со Хана Хулиќ но судејќи по нејзината објава неодамна, сигурно не и е лесно.
Таа неодамна откри дека имала голема желба да се реализира како мајка и си ја отвори душата а со својата интимна исповед на тема борба за потомство, шокираше многу жени.
Исповедта на Данијела Мартиновиќ е искрена, а пејачката која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како се справува со тоа што не се исполнила во улогата на мајка, и како инспирацијата за создавање ја наоѓа во најтешките моменти.
-Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш такви наслови за моето неостварено мајчинство ми изгледаат толку вулгарно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Данијела за Јутарњи пред неколку години, пренесува „Story.hr“.
Пејачката тогаш без тронка двоумење изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но сепак верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќа без дете.
-Детето е моја голема желба, никогаш не сум го криела тоа, но поради некоја причина се уште не се случило. Не се откажав од тоа да сум мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна и ако тоа никогаш не се случи, изјави тогаш поранешната партнерка на Петра Грашо.