Кафе муабет
Се огласија бившите на Дарко Лазиќ по веста дека чека трето дете- Нема да верувате што кажа Ана Севиќ
Дарко ќе стане татко по трет пат...
Популарната пејачка, Ана Севиќ се појави на еден настан, а по тој повод одговараше и на прашањата на медиумите.
Овие денови главна вест во медиумите е бременноста на новата девојка на Дарко Лазиќ, кој е поранешен сопруг на пејачката и водителка Ана Севиќ.
Имено, атрактивната бринета истакна дека би и дозволила на својата ќерка Лорена која ја доби со Дарко, да оди на свадбата на нејзиниот татко доколку тој повторно реши да застане на „лудиот камен“.
Ана Севиќ и Дарко долго време имаа проблеми околу алиментацијата која тој ја плаќа за Лорена, а сега пејачката потврди дека судот ја одредил алиментацијата што Лазиќ мора да ја плаќа секој месец.
-Никогаш не би ја спречила ќерка ми Лорена да оди на свадба на татко и, а што се однесува до алиментацијата ништо не решивме ние, судот донесе одлука, па сега сака или не треба да плати уредно – рече Ана.
Наводно новата девојка на Дарко, Катарина е бремена, а според информациите, тие деновиве ги прават сите потребни прегледи во приватна клиника за да се уверат дека плодот се развива правилно, а радосната вест прво ја споделиле само со најблиските дома.
Во оваа прилика се огласи и неговата поранешна девојка Барбара Бобак, која не сакаше да коментира на тоа дека бившиот можеби чека трето дете.
– Не слушнав. Добро – кратко рече Барбара која со Дарко беше во врска неполна година, а двајцата планираа дури и свадба.
Припадниците на седмата сила го контактирале Лазиќ, кој рекол дека наскоро ќе открие што се случува со бременоста, но дека засега не сака да кажува премногу бидејќи Катарина не сака да се експонира во јавноста.
– Ката не е тип на девојка која сака популарност. Таа не е од тој свет, се знаеме повеќе од 10 години и има свој бизнис. Не ја интересираат славата и написите во весниците – рече пејачот.
Блиските пријатели на Дарко велат дека за бременоста дознале случајно, а дека фолкерот би сакал да добие уште еден син, а тоа го потврди и самиот тој.
– Дарко и Катарина при прегледот случајно дознале дека е во блажена состојба бидејќи една недела се жалела на мачнини после тренинг во теретана. Тие заминале на преглед како мерка на претпазливост кога на Катерина и се појавил нагон за повраќање. На крајот се испостави дека таа била во блажена состојба околу еден месец. Тогаш им беше јасно дека повеќе не може да тренира како порано, а на тренинзи оди и до пет пати неделно. Ката и Дарко ги тренира ист тренер, па сега таа одработува тренинг на кој ќе може да ја одржува линијата, но без форсирање – вели извор близок до пејачката.