Кафе муабет
Се е спремно за гала прослава, Сурчин на нозе- еве што се случува во семејството Шијан!
Спремаат свадба...
Во семејствата Шијан и Родиќ се спрема голема прослава. Како што пренесува српскиот Курир од извор близок до семејството, Бојана и Мирко планираат црковна венчавка која ќе се одржи во црквата во Сурчин, каде своевремено како бебе бил крстен и самиот Мирко, додека бил жив неговиот покоен татко Зоран Шијан, кој и самиот бил поврзан со ова место.
– Самиот Мирко изрази желба венчавката да се случи во црквата во Сурчин, каде бил крстен и каде оди кога има време. За неа беше приврзан и неговиот покоен татко Зоран, а сите знаат колку тој го сака својот татко и колку му е тешко да не биде со него на толку важен ден.
-И Гоца деновиве е многу сентиментална. Често се сеќава на сите убави случувања во семејството кога Зоран беше жив, а Мирко бебе. Малку и е тешко, но таа е најсреќната мајка на светот. Затоа не зажали што 25.000 евра ќе потроши на свадбата, за тој ден се да биде како што тие сакаат – вели изворот.
Инаку, пред црковната венчавка, Мирко наутро со луксузен автомобил ќе оди од својата куќа во Сурчин да ја земе невестата во Тител, каде што ќе се запазат сите стари српски обичаи. Како што направи Вељко Ражнатовиќ пред неколку години кога се ожени со Богдана, сестрата на Бојана, така и Мирко сега за да влезе во куќата на невестата прво ќе треба да го погоди јаболкото, кое ќе биде многу високо, така што воопшто нема да биде лесно.
По Тител, свадбената веселба ќе се пресели во Сурчин на црковната венчавка. Веднаш потоа, младенците и нивните гости ќе заминат во блиското Јаково, каде ќе имаат гала прослава во познат комплекс. За се да помине во најдобар ред, Бојана и Мирко ангажирале приватно обезбедување, кое ќе ги придружува.
– Немаше поплаки за прославата. Цената на менито по лице е 42 евра. Сè ќе има. Претежно српски специјалитети, разни видови пијалоци, неколку колачи… Најпрво ќе се организира коктел за добредојде. Сите гости ќе имаат обезбеден паркинг, децата ќе имаат игротека, а младенците првата брачна ноќ ќе ја поминат во посебен апартман во рамките на комплексот. Инаку, за да се заштитат од љубопитните погледи и сите да се чувствуваат потполно безбедно, младенците ангажирале и приватно обезбедување, кое ќе се грижи за нив цел ден – заклучува изворот.
Чекаат уште едно дете!
Бојана Родиќ, стана позната на јавноста како сестра на Богдана Родиќ, снаата на Цеца, а веднаш потоа медиумите се заинтересираа за неа како девојка а потоа и свршеница на Мирко Шијан, со кого има едно дете.
Се шират гласини дека Мирко Шијан и таа повторно ќе станат родители, а радосната вест наводно ја споделиле со своите најблиски.
– Дали Бојана е бремена? – збунето рече Мирко, па по неколку секунди додаде:
– Нема да се огласуваме. Кога ќе биде, ќе се обратам до медиумите.