Кафе муабет

Семејната тајна на убавата Хурем: Оваа личност е најзаслужна за нејзиниот успех (ФОТО)

Вели дека се и должи на својата мајка...

Родителите на Мерјам Узерли одгледаа четири деца, од кои актерката е најмлада, најслатка и според сите досегашни случувања, најплашлива.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Не е доволно само да се каже дека родителите на Мерјам Узерли, Урсула и Хусеин Узерли се гордееа со својата најмлада наследничка откако таа го освои светот со улогата на султана Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Горда на својот актерски талент, но и способноста за кратко време да го совлада мајчиниот јазик на татко ѝ, додека може да се каже дека малку се изненадија колку достоинство и сила најде таа во со се што следеше, награди, аплаузи, популарност..

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Во неколку наврати, преку неколку нивни изјави за медиумите, можеше да се заклучи дека актерката не била и најпослушната во детството и раната младост, напротив , животот го поминала тврдоглаво, за разлика од нејзината сестра и браќата. Таа одбила да учи турски јазик и воопшто да има контакт со културата и традицијата на нејзиниот татко, поради што подоцна се покајала и тврдела дека всушност е горда на своите корени. Родена е во мало гратче во Касел, Германија, а големото семејство и дало чувство на сигурност и топлина.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Родителите на Мерјам Узерли се погрижија ништо да не им недостига на нивните  ќерки, но и на синовите на Урсула од првиот брак, Дени и Кристофер. Им обезбедија квалитетно воспитување, но и образование.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Двегодини постарата сестра на актерката своето музичко образование го добила во Турција и Германија, каде што дипломирала на Факултетот за применета уметност, а потоа и на Конзерваториумот. Била член на групата „Селтик мјузик“, а потоа ја продолжила својата соло џез кариера. Браќата на актерката, пак, не се заинтересирани за уметност, а иако сите четворица се движеа во различни насоки од професионален аспект, приватно се прилично блиски, а сето тоа благодарение на Урсула, која е централната нишка на нивното семејство.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

– Рајот лежи пред нозете на мајките. Ти благодарам мамо што беше најдоброто што сите би можеле да го посакаме – напиша под уникатната семејна фотографија актерката.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку актерката важеше за најомилениот лик од серијата, и долго време се бореше со депресија. Сепак, се чини дека сè лошо е конечно зад неа.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерием моментално е на одмор во Дубаи со ќерките Лара Џемима и Лили Кои. Актерката често истакнува дека ужива во мајчинството, а судејќи по фотографиите кои ги објави на Инстаграм, изгледа дека им се допаѓа оваа егзотична дестинација.

Актерката не е прв пат да одмара на ова место, а истакна дека тука се чувствува како дома и дека е воодушевена од гостопримството.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Таа објави и видео во кое таа и нејзините наследнички се забавуваат во базен и не ја симнуваат насмевката од нивните лица.

Инаку неодамна актерката која со својата неверојатна убавина ги маѓепса припадниците на посилниот пол откако по вторпат ја исполни улогата на мајка, даде се од себе за што поскоро да ја доведе својата линија до совршенство. Не само што успеала, туку, според мислењето на одреден дел од публиката, претерала.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Многумина ја критикуваа поради драстичното слабеење и имаше коментари од типот дека претерала, дека не личи на себе.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

За потсетување, светските медиуми своевремено објавија за нејзината наводна борба со депресијата поради која ослабе и размислувала да се откаже од улогата што ја прослави. Тогаш се зборуваше и дека таа престојувала на клиника во Германија, а во тој период не се јавувала на никого.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

– Болна сум, не можам повеќе да издржам. Не можам да издржам во Турција. Се враќам во Берлин – изјавила славната актерка наводно за време на снимањето на серијата.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Гостувајќи на една емсиија на „Јутјуб“, продуцентот Римур Савдиќ рекол дека германската актерка со турско потекло имала психички проблем, што во психологијата е како синдром на немање на енергија.
Снимањето на серијата траело по цел ден, што бара војничка дисциплина и голема самоконтрола.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Меѓутоа, Меријем повеќе не можела да го издржи притисокот и одлучила да замине од проектот, а се се одразило на нејзиниот љубовен живот.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close