Кафе муабет

Сека Алексиќ не е задоволна со својот изглед: “До лето сакам да бидам како лижавче”!

Гладува за да биде послаба...

Познатата пејачка Сека Алексиќ од секогаш имала проблем со вишокот килограми што и причинува незадоволство па поради тоа решила да направи драстична промена.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Имено пејачката признава дека е незадоволна од својот изглед, па неодамна започнала ригорозна диета. Фолк ѕвездата има 59 килограми, а целта и е до лето да ослабне седум килограми.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Цел ден не јадам речиси ништо! Решив до лето да се претворам во лижавче. Сакам мојата глава да биде поголема од моето тело – вели фолк ѕвездата и додава дека и се гади од вишокот килограми:

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

-Цел живот си велам додека се сликам: „Вовлечи си го стомакот и не диши“. Не дај Боже да видите како изгледам кога не го правам тоа!

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сека е сигурна дека гладувањето ќе и ги реши сите проблеми.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Не знам дали се работи за автофагија, за која сите зборуваат во последно време, бидејќи сама ја измислив диетата. Не јадам ништо преку ден, туку само навечер, но многу малку. Секој кој се разбира во исхраната знае дека ништо не треба да се внесува во телото најмалку 14 часа на ден. За мене тоа е подолго. Јас гладувам, а потоа само вечерам. Не ми е лесно, ваљда ќе се навикнам!

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Алексиќ открива што има на нејзиното мени.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Посакувам да можев да јадам се! Сепак се воздржувам, па јадам само овесни снегулки и банани, а потоа месо или печурки со ориз. Многу брзо повторно ќе бидам гладна, но ќе издржам до утре вечер – вели Сека и додава дека има голема поддршка од сопругот Вељко Пиљикиќ:

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Да не беше Вељко, немаше да имам толкава волја за промена. Ме охрабрува да одам напред и да не се откажувам.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Пејачката признава дека не и е лесно да биде на диета, но среќна е што физички се чувствува многу подобро:

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Тоа е тешко! Но се што е добро не е лесно… Се разбира, ми се пријадува токму кога не ми дозволуваат да јадам, но успевам да се воздржам. Важно е да се чувствувам подобро и да имам повеќе енергија. Забележав дека функционирам многу полесно во текот на денот.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Иако е на диета, Алексиќ редовно ја подготвува омилената храна за синовите Јован и Јаков и нејзиниот сопруг Вељко.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Мојот најголем проблем е што сакам да готвам. Јас сум вистинска домаќинка, знам да го приготвам секое јадење. И сакам да месам! Но, ако сум на диета, тие не мора да бидат! – ја завршува приказната Сека.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close