Дом и семејство
Сека Алексиќ замина во манастир- пејачката бара благослов за трето дете!
Сака уште едно дете...
Пејачката Сека Алексиќ не крие дека сака и трето дете, а бидејќи Јаков и Јован веќе пораснаа, не сака да чека и да прави поголема разлика меѓу нив.
– Таа веќе некое време зборува за тоа. Претпоставувам дека тоа е моментот кога функционира мајчинскиот инстинкт, колку што знам. Првите два пати не биле лесни, но во консултација со лекарите го променила начинот на живот, исхраната и бременоста поминала добро. Од друга страна, таа е целосно убедена дека Божјата благодат ќе ја води низ третата бременост и не се плаши од ништо. Таа се консултирала со својот духовен отец и ја предала својата желба во Божјите раце, па повеќе не се грижи. Сека, инаку, целосно се промени, веќе не е жената што ја знаевте пред 10 години, длабоко е во верата и таму го најде својот мир и својата сила. Вељко ја поддржува во се, а и самиот сака тие да имаат семејство. Фала му на Бога, тие се во ситуација кога на децата можат да им дозволат убав живот, без падови, нејзината кариера убаво напредува, па сите се надеваат дека ќе добијат уште еден член на крајот на оваа или почетокот на следната година – открива близок извор на пејачката за Стар.
Сека во неколку наврати зборуваше за борбата за потомство и долгото чекање да се оствари во улога на мајка.
Сега кога ги доби синовите Јаков и Јован таа вели дека мајчинството е најголемиот дар кој го добила во животот и во улога на мајка најмногу ужива. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ седум години чекале да добијат дете и да се остварат во улога на родители а нивниот син Јаков дојде во вистинско време. Многудетното семејство отсекогаш било нејзин сон, а синот Јован бил следниот дел од нивниот семеен мозаик. Сека во една прилика откри дека би сакала да има пет деца со сопругот Вељко, а синовите и се најголема гордост.
„Господ ќе не дарува со уште повеќе. Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата. Се надевам, со вера во Бог, дека Јаков и Јован ќе добијат повеќе браќа или сестри“, рече Сека, на која не и е грижа дали следниот член на семејството ќе биде повторно девојче или момче.
Пејачката откри колку ја променило мајчинството и како сега покрај себе има само вистински пријатели.
“Им простив на луѓето пред децата. Не сакам да живеам во лоши и грди чувства. Им простувам на сите, но секогаш ги чувам блиску до мене луѓето кои се вистински пријатели, кои ме сакаат мене и моето семејство и обратно”, изјави пејачката за Блиц.
“Како што одминуваат годините, сè повеќе сфаќам колку сум зрела покрај Вељко и колку ништо во мојот живот не би било исто доколку тој не наидеше. Вистински столб на семејството и поддршката. Тешко е Вељко толку лесно да го изнервирате. Точен е, правичен и секогаш сака да се почитува редот така, можеби некогаш кога ќе скршнам од патот, ќе се налути и ќе ме врати во правиот правец“, беше искрена Сека.
За потсетување, пред извесно време жена која пред неколку години била вработена во вилата на Сека во Стара Пазова за тамошните медиуми открила каква е навистина Сека кога не ја снимаат, како и сите детали од врската со сопругот Вељко.
– Многу ме болеше кога за неа пишуваа дека не гледа никој друг освен себе – почнува таа и додава:
– Па, нас кои работевме кај неа за плата, таа ни даваше се и сешто а да не зборуваме за роднините и најблиските – вели поранешната куќна помошничка на Сека и открива дека бракот на Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ е пример за брак.
– Посебно ми се допадна тоа што со нас работеше се околу куќата. И пеглање, и готвење, и рендање. Да не зборуваме за Вељко! Подготвен е на се, само за да ја израдува Сека. Тој станува наутро пред неа, ѝ го носи кафето во кревет, а потоа подготвува појадок. Тој лета околу неа, а таа само го гушка и бакнува. Верувајте ми, нема жена која би ја погледнал покрај својата Сека. Е тоа како таа живее и каква е, го посакувам на сите на светот. Тоа е рај и идила – завршува изворот за „Скандал!“.