Кафе муабет
Сега е јасно зошто Драгана Мирковиќ никогаш не сме ја виделе во костим за капење- пејачката откри детали кои досега никој не ги знаеше!
Не сакала да гради кариера со скандали...
Една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Драгана Мирковиќ важи за пејачка која има повеќедецениска кариера без скандали!
Многу пејачи се тркаат да ги покажат своите згодни тела, некои дури објавија и свои разголени фотографии. За некои тоа беше отскочна даска во нивните кариери, привлекувајќи внимание кон себе.
Иако важеше за една од најубавите пејачки на естрадата, никогаш немавме можност да видиме фотографија на која Драгана Мирковиќ позира во костим за капење.
Многумина беа изненадени од ова, бидејќи ваквата појава е вистинска реткост.
– На естрадата сум 34 години и никој досега немал слика од мене во костим за капење. Кога ме викаа да се сликам, јас секогаш одбивав. Не сум модел и како пејачка мислам дека не треба да се сликам во костим за капење. Мене ми беше непријатно, искрено – изјавила Драгана за емисијата Ексклузив.
Драгана Мирковиќ живее во голем луксуз и богатство, но никогаш не се пофалила. Таа секогаш ја истакнуваше својата скромност како една од нејзините најголеми доблести. Со оваа изјава таа само го потврди тоа.
Скромноста ја наследија и нејзините деца!
Децата на пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ секогаш се криеле од очите на јавноста, а пејачката со години успешно ја крие приватноста на своето семејство.
Меѓутоа, ќерката на Драгана, Манеула неодамна го отклучи својот Инстаграм профил и оттогаш привлекува големо внимание.
Мануела пред неколку дена го прослави својот 20-ти роденден, а во приказната сподели неколку фотографии од прославата.
Имено, Мануела за оваа пригода облекла едноставен розов, светкав фустан и бели патики, додека тортата била украсена со разни детали. На дното имаше кристали, цвеќиња имаше низ целата торта, а на врвот е сина птица.
Роденденот на Мануела прв и го честиташе нејзиниот брат Марко, кој објави заедничка слика и остави емотикон срце.
И Марко предизвика големо внимание во јавноста а Драгана еднаш откри дека работел како сметководител кај пријател.
-Мануела е поинаква, повлечена е, таа е мое бебе.Моите пријатели велат дека е девојка со најубави очи и најчиста душа.Тие се нормални деца што е најубав комплимент денес. Не се разгалени, тие не патат за брендови, јас дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, срам и е другарките да ја видат во него.Таква е таа“, изјави Драгана за Стори.
„Кај нас доаѓа друштво од различно потекло, а пред се пријателите ни се претежно луѓе со некоја просечна плата. Нашите деца се свесни за парите и веќе имаа можност да заработат. Марко на пример се занимаваше со сметководство. Мануела работеше на рецепција три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Тоа беше нивна желба да работат, ние не ги принудивме на тоа“, вели Драгана Мирковиќ.
Пред извесно време излезе веста дека Марко кој навистина изгледа како холивудски актер, и задава уште една мака на Драгана бидејќи сите млади пејачки сакаат да го заведат нејзиниот син!
Како што објавија српските медиуми тој е опасен фраер во Виена и многу девојки лудуваат по него, но Марко сепак сака да ужива во тинејџерскиот живот!
Неодамна тој наполни 21 година, се запиша на Економски факултет, а хоби му е возење брзи автомобили.
Речиси сите млади пејачки останаа без текст кога видоа каков фраер е синот на Гага, па сега се тркаат која ќе успее да го освои и да и биде снаа на познатата пејачка!
Иако Марко засега бега од сцената Драгана неодамна била во Белград, па пејачките ја задевале и прашувале за нејзиниот син, некои дури ја молеле да ги запознае со него, а таа само се насмевнала и рекла дека не сака да се меша.