Бебе
“Сега е мајка со крилја”: Прва фотографија со ќеркичката, наследничката доби име кое значи победа
Таа е пресреќна...
Дејана Бачко e девојка која е родена без раце, но како што за себе вели се чувствува како да има крила.
Сликарката и шампионка во паратаеквондо, која се занимава и со стрелаштво, Дејана Бачко е родена без раце, а одамна како модел на однесување ја избра борбата и стана предмет на восхит на многумина.
Сега Дејана и нејзиниот партнер Марко Нежиќ станаа родители на девојче на кое и го дадоа името Лара, што доаѓа од грчкиот јазик и значи победа.
Дејана на својот Инстаграм профил кој има повеќе од 87 илјади следбеници сподели фотографија со ќерката, а насмевката зборува за нејзината среќа.
– Боже, ти благодарам за овој подарок – напиша таа со објавата, по што се редеа коментари.
„Сега си мајка со крилја, бебето е прекрасно“, „Браво, жива и здрава Лара“, „Честитки“, беа само некои од нив.
Дејана, попозната како „девојката со крилја“, сподели и видео со бебето. Нивното галење ја разнежни јавноста, па немаше крај на коментарите дека е храбра и силна.
@marko_dejana Ljubav naša najlepša ❤️❤️❤️ Lara ? . . . #birth #pregnancy #baby #pregnant #doula #newborn #postpartum #motherhood #midwife #love #homebirth #childbirth #birthphotography #birthwithoutfear #breastfeeding #naturalbirth #birthdoula #family #maternity #birthday #hypnobirthing #momlife #empoweredbirth #childbirtheducation #birthphotographer #babygirl #labor #babies #mom #midwifery ♬ original sound – Marko I Dejana
Инаку, Дејана иако има хендикеп, таа нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а често со своите следбеници споделува како слика, патува и тренира.
Не можеме да избереме со што ќе се родиме – како ќе изгледаме, дали ќе наследиме здравствен проблем, но можеме да избереме како ќе се однесуваме, дали ќе се бориме, дали ќе се откажеме и ќе дозволиме проблемите да бидат посилни од нас.
Дејана беше поинаква уште со самото раѓање, но стана силна и успешна жена со волја и борбеност.
Марко Нежиќ, нејзиниот партнер и голем поддржувач е со неа неколку години а пред неколку дена ги израдуваа следбениците со убавата вест за приновата.
Инаку Дејана постигна бројни спортски успеси, од кои најзначаен е тоа што во 2019 година стана светска шампионка во паратаеквондо, а минатата година ја одбрани титулата во Истанбул.
„Со теквондо се занимавам долго време, па успехот не дојде преку ноќ. Имаше многу тренинзи, треба да се бориш, да имаш желба за успех и да имаш цел. Примарна цел ми беше да одам на Параолимписките игри во Токио, но имајќи предвид дека паратаеквондото не е параолимписка категорија, почнав да се занимавам и со стрелаштво, па целта ми е да одам во Париз во 2024 година на Параолимписките игри, како стрелец, истакна таа неодамна.
На прашањето дали има нешто што Дејана не може, но би сакала да може, таа за РТС одговори:
„Она што не можам, а би сакала да го правам е сама да ги закопчам фармерките, но знам тоа е невозможно“рече Дејана.
-Научив да правам сè со моите нозе, па небото е граница за мене“. За џабе не сум ’девојка со крилја’.
Дејана се потпишува како „девојка со крилја“ затоа што како што вели може да лета каде сака: „Имам крилја наместо раце, така се гледам себеси“.
„Господ ми ги одзеде рацете, но ми даде голем талент за сликање и како дете почнав да сликам, почнав да цртам и тоа некако ме исполнуваше во животот и тоа ме водеше низ животот и се трудам да им докажам на другите дека можам“.
Во една прилика Марко зборувајќи за својата љубов, ја опиша кратко и јасно, со еден збор: „Одлична! Сè што му треба и може да очекува човек – таа е“.
„Добро, понекогаш сум разгалена, слободно можеш да кажеш“, се пошегува таа за себе. Исто така, објаснила точно колку е „разгалена“: „Понекогаш нешто што навистина можам сама да го направам, сепак одам кај него и му кажувам дека нешто не можам, а тој всушност знае дека можам, но сепак попушта и го прави „тоа“.
„Таа толку многу го зајакна својот карактер од моментот кога почнавме да се забавуваме, па не и треба некој да и помага. Таа сама по себе е одличен лик. Секогаш сум тука како поддршка и за што и да и треба, но мислам дека самата одлично се бори со тоа“, рече Марко и додаде дека може и сака да и биде „столб и поддршка“.