Кафе муабет

СЕВЕРИНА ПРОЗБОРЕ ЗА ЕKCПЛИЦИTНОТО ВИДЕО НА ЈАХТАТА: Пејачката јавно побара прошка!

И јавното извинување до семејството на партнерот од видеото од 2004 година уште еднаш покажа колку Северина е достоинствена жена...

Хрватската пејачка Северна пред извесно време за прв пат реши да проговори за емотивниот партнер кој се појави во јавноста во 2004 година откако излезе кoнтpoверзната снимка од јахтата, за која медиумите на големо пишуваа, а тој имаше сопруга и деца во тоа време, кои многу страдаа поради ова видео.

Фото: Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

Сега, седумнаесет години по објавувањето на видеото што го обележа нејзиниот живот, Северина одлучи да го коментира семејството на нејзиниот тогашен партнер.

Во големата исповед за хрватскиот портал  “H-alter”, Северина зборуваше за нејзината болна и долгогодишна борба за старателство, но и состојбата на нејзиниот син. Во таа приказна, беше речиси невозможно едно од прашањата да не биде спорното видео од јахтата од 2004 година, за кое пејачката вели дека Милан, нејзиниот поранешен сопруг многупати го користел како opужје против неа.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

– На почетокот на нашата врска, една работа што ми даде знак дека на Милан не му е грижа за мене е неговото прашање за тоа колку пари сум земала за тоа видео. Срамота! Сакам да им порачам на младите девојки да внимаваат и да гледаат што прават – рекла Севе, на која овој филм, покрај етикетата, со години и предизвикува голема болка.

Фото Инстаграм/Северина

– Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со тоа видео, и сакам да им се извинам. А тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Тоа се единствените луѓе на кои треба да им се извинам. Но, многу е симптоматично што од 2004 година до денес, никој не ги спомна cтpaдањата на тие деца, и сите сега се многу заинтересирани за тоа како ќе го доживее тоа мојот син, кој не беше роден во тоа време. Свесна сум дека мојот син ќе дознае за ова во одреден момент од својот живот, и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакала да го слушне тоа од мене. Би сакала да цитирам помудар од мене, филозоф кој вели дека казната поголема од злocтopcтвото е и самиот кpиминал, вели Северина.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

Приказната за борбата, нереагирањето на хрватскиот систем, но и cтpaдањата што ги чувствуваше како мајка, длабоко го допре целиот регион. И јавното извинување до семејството на партнерот од видеото од 2004 година уште еднаш покажа колку Северина е достоинствена жена.

Фото Инстаграм/Северина

За потсетување, Северина пред речиси два месеци се разведе од нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

„Одлуката за развод ја донесовме заеднички и со заеднички договор, и нема да ја коментираме понатаму, исто како што не ја коментиравме нашата разделба. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер, поддршка и беше тука за мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна торба. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања. Не можете да ми го уништите животот, а сепак имате шанса да го средите својот “, изјави Северина за Jutarnji.hr.

Фото Инстаграм/Северина

Бракот траеше шест години, беше бурен како и сите врски на Северина, а првата сериозна шпекулација за крајот на врската беше наводната расправија помеѓу пејачката и членовите на семејството Којиќ во Белград. Она што се случи зад четирите sида никогаш не беше целосно објаснето, но по наводната расправија помеѓу Северина и мајката на Игор Којиќ, пејачката престана да доаѓа во Белград.
Според медиумите, тие ја чекале пресудата во врска со старателството над малолетникот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.

Фото Инстаграм/Северина
Фото Инстаграм/Северина

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close