Кафе муабет
Северина падна во прегратките на овој маж- Игор пати по неа а таа го замени со друг?!
Севе замина во Истра...
Пејачката Северина на Инстаграм сподели фотографија со познатиот дизајнер на ентериер и пријател Борис Ружиќ.
Имено, таа отишла во Истра да го поддржи во неговиот нов проект за внатрешно уредување на луксузен хотел.
Неодамна Борис беше поканет на прославата на 50-тиот роденден на Северина во познат загребски клуб и објави фотографија со неа.
Таа во коментар јавно му порача: „Те сакам“ со емотикон на срце.
Да потсетиме, Северина се разведе од Игор Којиќ по шест години брак.
Поранешниот сопруг се уште не може да го преболи разводот од пејачката.
Имено Игор Којиќ посака среќата да ја најде во Америка, со неговата сестра Наташа, која со години живее и работи на црно преку филијалата, пејачот Драган Којиќ Кеба е неутешен.
Веќе му е доволно тешко еднаш годишно да ја гледа ќерката, а не може ни да замисли како ќе му изгледа животот кога ќе остане и без синот Игор.
Тој и неговата сопруга би биле најсреќни доколку нивниот наследник најде љубов во Белград и се смири, но бидејќи се уште страда за Северина и нејзиниот син Александар, а тука нема професионална перспектива, свесни се дека тоа е тешко возможно.
Близок извор на Којиќ изјавил дека музичарот тешко се справува со тоа што неговата куќа наскоро ќе биде празна и дека ако Наташа и Игор основаат семејство во Америка, тие внуците ќе ги гледаат само преку видео повик.
– Кеба е очаен по одлуката на Игор. Нему и на Оља им беше тешко кога Игор замина во Хрватска да живее со Северина, а дури сега не се чувствуваат добро. Тие многу страдаат затоа што ја гледаат Наташа само еднаш годишно, кога одат кај неа и знаат дека сега кога Игор си оди, нема да имаат деца во близина. Кеба за се ја обвинува Северина бидејќи не сакала да роди дете. Има неостварена желба да биде дедо – рекол пријателот на Којиќ.
Како што е познато, поранешниот сопруг на Северина Вучковиќ планира да ја напушти земјата наесен.