Дом и семејство

Свекрвата ми има 43 години, не ми помага со детето ниту ни помага финансиски: Ние мака мачиме а таа ужива во животот

Снаата е бесна на односот на свекрвата...

Оваа приказна за односот на една свекрва кон снаата и синот предизвика бура реакции и поделени мислења.

фото илустрацја

Имено приказната доаѓа од соседството а ја раскажа жена која случајно се запознала со соговорничката која и се пожалила од односот на својата свекрва.

фото илустрацја

-Неодамна запознав една млада жена во паркот која изгледаше уморно и исцрпено. Ја започнавме приказната и вообичаената исповед една на друга поврзана со обврски околу децата. Зборував за тоа колку е исцрпувачки, бидејќи немам роднини да ми помогнат околу децата, а таа ја започна својата приказна..

фото илустрација

Свекрвата е млада и има само 43 години. Таа е од оние жени кои рано стапиле во брак и се остварила во улога на мајка кога имала 18 години.

фото илустрацја

„Имам млада свекрва, Марина, има само 43 години. Рано се омажи. Таа имаше само 18 години кога го роди мојот сопруг Никола, а една година подоцна го родила и неговиот брат Андреј.

фото илустрацја

Таа и мојот свекор имаа добар брак. Децата пораснаа во среќно семејство. Веднаш откако децата завршиле средно училиште, Марина завршила сметководителство и почнала да работи во мала фирма. Денес таа е почитуван сметководител во добра фирма.

фото илустрацја

Марина многу млада останала самохрана мајка и морала сама да ги порасне своите синови.

фото илустрацја

Кога Никола имал десет години, татко му доживеал страшна сообраќајна несреќа. Таа ги научила синовите да бидат одговорни, независни, да завршат училиште и да бидат луѓе.

фото илустрацја

Кога требало да се запишат во средно училиште, Марина ги испратила на образование во странство. Тие добиле стипендии и таа не мораше да се грижи за нив. Барем не финансиски. Така се запознавме јас и Никола, а набрзо се венчавме, ја започнала својата приказна снаата.

фото илустрацја

-И двајцата сме завршни студенти. Марина реши да ни ги плати трошоците за свадба и меден месец. После тоа, се среќававме со неа само еднаш месечно, за да размениме основни информации.
Помладиот брат на Никола живее со мајка му, но Марина не го финансира. Таа често вели: „Нема да хранам стар коњ“.

фото илустрацја

Неодамна добивме дете, ќерка. Свекрвата дојде да не посети, ни честиташе, донесе подарок како пелени, козметика за детето, каша, облека… Не бакна сите и исчезна. Таа има свој живот.

Таа оди на планинарење за време на викендите, вози велосипед, скија во зима, во лето е на море…

фото илустрацја

Снаата вели дека е револтирана бидејќи не сака да им помогне финансиски ниту пак да го чува нејзиното внуче.

фото илустрацја

-Кога ја замолуваме да се грижи за нејзината внука, таа вели: „Јас сама се грижев за моите“. Кога ќе ја замолиме да ни позајми пари за киријата, таа вели: „Снајдете се сами, ни мене никој не ми помогна“.

-Моите родители се пензионери, едвај врзуваат крај со крај. Не можам да им барам пари, но не можам да барам ниту да го чуваат детето затоа што се болни. Додека ние страдаме, Марина цвета. Таа неодамна ни рече: „Ако сакам бебе, би се омажила и би си родила“.

фото илустрацја

Секако, понекогаш ни дава подароци, но тоа не е доволно. Неодамна бев многу болна и мојот сопруг се грижеше за мене со денови. Марина дојде и ја чуваше својата внука неколку дена. Штом виде дека сум подобра, се поздрави и рече: „Сега продолжете сами!“

фото илустрацја

Таква ми е свекрвата“, ја завршува својата исповед оваа снаа.

Какво е вашето мислење?

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close