Новости
СВЕДОШТВА ЗА ЧУДАТА НА СВЕТА ПЕТКА: Спас или казна- еве што значи ако ја видите!
Чудaта на Света Петка кои ги славиме на 27 октомври, се случуваат и денес - светицата помага за болести и проблеми, но исто така ги предупредува оние што грешат
Денеска ја празнуваме Света Петка, која кај народот важи за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Петковден е прв празник за домашна слава од зимките слави. Еден од обичаите кои се практикуваат на празникто на св. Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.
Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега, тие се наоѓаат во Романија, во градот Јаш.
Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера кон светителката.
Од соседна Србија пристигнуваат неколку сведоштва за моќта на Света Петка.
“Офицер на ЈНА и член на тогаш неприкосновената партија бил пронајден на колена на подот на белградска капела во карпата под sидовите на тврдината Калемегдан, посветена на Света Петка. Кога еден од верниците го прашал како тој, како воен човек, толку слободно ги изразува своите верски чувства и покрај тоа што Партијата му забрани да го стори тоа, тој одговорил: „Оваа црква ми го спаси животот“.
За време на Втората светска вој на, бев нападнат од германска патрола и ме бркаа полициски кучиња што ми беа зад петици. Спасот го побарав во оваа пештера – црква која во тоа време немаше ниту врата што може да ме заштити од кучињата. Трчајќи во црквата, очекував да влезат кучињата и да ме растргнат пред да пристигне патролата. Сепак, кучињата пристигнаа и лаеа, но не влегоа преку прагот.
Потоа пристигнаа полицајците и едниот влезе внатре со пиштол и батерија. Во тој момент, пред мене се појави жена во црно одело и стоејќи пред мене, ја рашири наметката за да ме покрие. Војникот со батеријата осветлуваше низ целата црква, но не ме виде. Бев невидлив за него! Војниците продолжиле понатаму, а жената во црно исчезнала.
По два часа собрав храброст да ја напуштам капелата, не знаејќи дали моите гонители се во близина, незнаејќи дали непријателот е во близина, о знаев дека имам заштитничка која е со мене, па имав храброст. Подоцна, дознав дека оваа црква е посветена на Света Петка. Погледнувајќи ја иконата, видов дека е облечена во црно и затоа ја препознав. Таа ми го спаси животот, па затоа доаѓам тука да и се заблагодарам “ раскажал војникот.
Необична приказна за моќта на Света Петка доаѓа од селото Витановац кај Краљево која е зачувана на ист начин, но заврши среќно:
“Домаќинката на семејството излегла на пат да го пречека автобусот што требало да го фати нејзиниот сопруг, да му каже да не се симнува од автобусот во селото, туку да побрза дома поради некоја обврска. Било празник.
Чекајќи го автобусот, на неа налетало комбе кое ја исфрлило од патот и останала да лежи во бесознание.
Таа се освестила во болницата, кога примила ине кција. Откако медицинската сестра заминала, „жена во црно останала покрај креветот“.
„Требаше да настрада, твоето дете, но ти го замени. Не тужи го возачот што те пре гази. Кога ќе се опоравиш, оди во црквата на Света Петка и запали свеќа…
Зошто работеше во петок? И зошто воопшто работиш во недела?“
Кога заспала, ја видела внатрешноста на црквата Света Петка и распоредот на иконите на ѕидот. Кога излегла од болницата, отишла во црквата Света Петка и сето ова му го раскажала на старешината “.
Како еден од поновите случаи, е оној за една млада студентка на Музичката академија во Србија, која била болна од леук емија:
„По многу напори, лекарите рекле дека немаат што повеќе да направат. Потоа, од болка, родителите побрзале кај чудесниот лекар, моштите на преподобната мајка Параскева во градот Јаси, со силна вера, молитви и солзи, за да ја излечат нивната ќерка.
Два месеци свештениците од Храмот заедно со родителите и нивната ќерка се молеле на Бога и на Света Петка, за здравје. После ревносните молитви, девојчето било целосно излечено од леук емија, па сите лекари беа изненадени и следната година, таа се вратила на Академијата “.
Во спомен на Преподобната Параскева, Светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 /14 октомври и што во народот е познат како Петковден.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…