Кафе муабет
Само што се разведе од Огњен Амиџиќ сега објави шокантни вести: Данијела се вери- водителот во неверување по оваа објава
Си поигра на Тик-Ток...
Веќе подолго време во медиумите се пишува за разводот на Данијела Димитровска и водителотОгњен Амиџиќ, кои решија да се разделат по десет години брак.
Оваа вест ја шокираше јавноста но парот истакна дека се во добри односи поради нивниот син.
Но денес главна тема е свршувачката на манекенката Данијела Димитровска а главен виновник за тоа е никој друг туку самата таа, која сподели фотографија на социјалните мрежи и предизвика бура од коментари.
Имено денес Данијела е сопственик на агенција за манекенки а по разводот од водителот, манекенката го променила своето однесување во јавноста и речиси и да не крие ништо од следбениците на „Инстаграм“.
Таа со нив ги споделува сите детали од својот живот, вклучително и како таа и нејзиниот син Матијас го поминуваат времето, како јадат, каде се среќаваат во текот на денот, а во еден момент, на изненадување на сите, таа дури и го објави домот во кој живее по разводот.
Така видовме снимки од спалната, кујната и дневната соба на Данијела, а сега таа отиде чекор понатаму.
Поранешната на Огњен Амиџиќ ја објави веста за нејзината свршувачка, која ја остави целата јавност во неверување, бидејќи се уште не ја ни средила документацијата за развод.
Всушност, Данијела си поиграла со апликација на Тик-Ток, која наводно и предвидувала исполнување на новогодишните желби во наредниот период. Меѓу одговорите за тоа што ќе и се оствари се и алкохол, пари и запросување.
Свршувачката на Данијела Димитровска ја изненади дури и самата манекенка, која хумористично искоментира:
– Не бев подготвена за ова.
Инаку неодамна Данијела реши за прв пат јавно да открие како се согласува со нејзиниот поранешен сопруг.
– Јас и Огњен сме во коректен однос, всушност во нормален, тоа ни е важно поради здравиот развој и раст на нашето дете. Се слушаме апсолутно секој пат кога има нешто поврзано со Матија. Гледаме да бидеме меѓусебна поддршка на овој нов пат. Ги надминуваме сите потешкотии – изјавила Даниела, а потоа открила дека нејзината сестра и е голема поддршка, но дека тие две се многу различни.
– Мислам дека Ивана е многу поубава од мене. Таа е некој што се занимава со психологија. Кога го имате тој мир и рамнотежа, тогаш зрачите дополнително. Постара сум и затоа сум позаштитнички настроена кон неа – изјавила манекенката.
Огњен Амиџиќ во емисијата „Во терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“ исто така го коментираше разводот.
– Се што правев во мојот живот поврзано со емоциите секогаш беше од срце. Никогаш не влегов во ниту една приказна за каква било корист, на кој било начин. Секогаш беше искрено. Секогаш беше најчисто, и во смисла на емоции и се. Така сум воспитан, тоа доаѓа од дома. Секоја љубов треба да биде љубов заради љубовта. Љубов што се случува. Отсекогаш сум зборувал малку за моите бракови и секогаш се согласувавме да не зборуваме за тие работи бидејќи во медиумите секогаш кога некој ќе каже нешто може да се напише некој наслов, да се продолжи некоја приказна. Тогаш има проблем бидејќи син ми веќе користи интернет и може да прочита нешто што нема да му се допадне. И тогаш, во врска со тие работи, а во договор со мојата бивша сопруга, бев за тоа да не се зборува од проста причина што ќе ја зачуваме нашата приказна таква каква што е суштински и дека ќе го заштитиме синот во таа приказна. – изјави Огњен во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.