Кафе муабет
Само што го оженија Михајло а сега добија лоши вести- Гоца неутешна, неможе да поверува дека ова се случува
Ја намалија казната...
Само што ја направија гала свадбата, до семејството Шаулиќ стигна една непријатна вест. Имено, на уби-ецот на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, турчинот Алсин Левент, судот во Германија му ја намали казната за три месеци поради тоа што судскиот процес траеше долго.
Алсин прво беше осуден на три години и три месеци затвор, а таа казна, според многумина, не била задоволителна. Семејството Шаулиќ сега првпат се огласи по скандалозната одлука на Окружниот суд во Гитерсло, пишува „Република“.
– Шокирани сме од информацијата. Не затоа што Шабан беше голема ѕвезда, туку затоа што беше сопруг, татко, дедо… Поднесовме жалба и не сакавме да одиме на судењето затоа што не ни беше до тоа. Не можеме да разбереме дека германскиот правосуден систем не го почитува човечкиот живот – се вели во соопштението на семејството Шаулиќ.
Гордана Шаулиќ после целата болка е во неверување.
– Видов, што да кажам? Толку е мизерно, но самата пресуда е мизерна. Под секаква чест, хуманост и достоинство е за два животи и еден инвалидитет, страшно! И ова сега… На стартот ни ја одбија жалбата, затоа што баравме повеќе, се жалеа, па го очекувавме овој исход – истакнува Гоца за „Пинк“.
– Знаете како, знаев дека најверојатно ќе му излезат во пресрет, тој сепак е нивни граѓанин, на тоа се сведува се. Сепак, единствено што можам да кажам е дека одредено задоволство ми причини тоа што еден германски весник најискрено и најправилно напиша дека ова е срам за германското правосудство. Ќе морам да разговарам со адвокат, но мислам дека немаме дополнителни жалби. Колку и да очекуваш некои работи, пак те удираат. Што значи тоа, пијан, без возачка дозвола, влегуваш во кола со два-три пати поголема брзина и убиваш двајца и осакатуваш еден, покажува дека системот дозволува секој да убие некого и да не одговара за тоа. Една голема трагедија што ги снајде три семејства, можев се да кажам, но еве, не сакам да кажам нешто сега што не треба.
Кобната сообраќајна несреќа се случи на 17 февруари 2019 година на автопатот кај градот Гитерслох.
Пијан возач удрил одзади автомобил во кој биле Шабан Шаулиќ, Мирсад Кериќ и Слободан Стојадиновиќ.
Во февруари навршија три години од смр-тта на Шабан Шаулиќ, а со неговото заминување животот на Гоца многу се промени.
Иако сите го фалат нејзиниот изглед, само таа знае како се чувствува длабоко во душата.
– Се трудам. Знаете како велат, го залажувам непријателот со мојот изглед. Се обидувам, да продолжам понатаму. Го носиме во нашите срца, животи, сеќавања… Сега и неговиот споменик ќе биде во Шабац, сето тоа се некои мотиви кои не туркаат понатаму – истакнува Шаулиќ која е среќна што колегите не го заборавиле нејзиниот Шабан, а редовно му посветуваат песни на нивните солистички концерти.
Сепак, таа признава дека многу блиски луѓе по смр-тта на Шабан сосема се изгубиле од нивните животи.
– Тоа е доказ за тоа каков човек бил, колку голем уметник. Луѓето го препознаваат и почитуваат тоа, како Марија Шерифовиќ, Саша Матиќ… Тоа ме тера да се сеќавам со задоволство. Многу луѓе исчезнаа од нашите животи, тоа морам да го кажам, дури и некои блиски луѓе, кумови. Тие само исчезнаа, но претпоставувам дека така е кога човек ќе доживее трагедија. Тогаш луѓето се филтрираат, но вистинските останаа и го паметат на вистински начин – рече Гордана.
Трогателниот говор на Михајло
Додека беше жив, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ во речиси секое интервју нагласуваше дека најголема желба му е да го ожени синот Михајло, и од него да има внуци.
Бидејќи знаел дека неговата свадба беше најголемата желба на неговиот покоен татко, Михајло наздравил во негово име и ги расплакал сите присутни.
Имено, Михајло никогаш не криел дека загубата на неговиот татко се уште не ја преболел и дека многу му недостасува особено на толку важен ден како што е свадбата. Според присутните, емоциите постојано се менувале, особено кога пејачот по говорот на Михајло ја испеал „Свадбена песна“ на Шабан.
– Михајло како што и сам напомена во неколку наврати, се уште не го преболел заминувањето на Шабан, и се чини дека сето ова му е најтешко. Татко му е постојано во мислите, вчера особено му беше тешко што не беше покрај него. Наздравуваше со гостите, а потоа со грутка во грлото му ги посвети на Шабан следните зборови:
„Tатко мој, не можев да ја замислам мојата свадба без тебе. Не се договоривме така, нашите планови беа поинакви. Знам дека сега не гледаш и дека си среќен. Ќе бидеш тука преку твоите песни, кои оркестарот ми ги пее откако те нема“ – изјави за С.Телеграф извор од местото на настанот и додаде дека сите присутни ги полазиле морници кога пејачот по говорот ја испеал песната на Шабан:
-Кога почнаа стиховите „Ајде татко, кити ги свирачите, ќе играме уште подобро и погласно, цело маало нека чуе дека си го оженил синот“, се расплака Гоца и ги прегрна младенците. Ниту на Илда, ниту на Санела не им беше ништо помалку тешко, но тие издржаа сè и уживаа во безвременските хитови на нивниот татко.