Кафе муабет

Само пет месеци по породувањето Луна и Марко соопштија убава вест- честитки добиваат од сите страни!

За станот потрошија цело богатство...

Сопругот на Луна, Марко Миљковиќ, откри дека младенците купиле уште еден имот, на Бежанијска коса.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Како што истакна, станот делумно го платиле во готово, а дел на кредит, а ги демантираше и приказните кои се појавија во медиумите дека всушност тие имаат добиено пари од нивните обожаватели.

Фото Принтскрин/Јутјуб

– Во процес сме на вселување во нов стан на Бежанијска коса. Треба да ги добиеме клучевите за околу 20 дена. Го купивме поевтино затоа што го купивме во изградба. Најдоцна кон крајот на декември ќе се вселиме во новиот стан. Овој сегашен стан најверојатно ќе го издаваме, а во друг ќе живееме. За неколку години ќе купиме уште еден стан или куќа. Купивме кауч, кревет, бела техника и телевизор. Ќе го уредиме за два дена. Сакаме да влеземе во нов стан, се ќе биде направено по мерка. Точно е дека станот го купивме на кредит и дека ќе го вратиме во наредните 15 години, а се надевам многу помалку. Мора да бидеме упорни и да се трудиме. Заедно можеме да го платиме имотот. Еден дел го плативме во готово, еден дел е на кредит. Таа приказна дека обожавателите не финансираат, апсолутно не е точна – вели Миљковиќ.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

Марко и Луна за прв пат станаа родители во јуни годинава, а сега откри како се снашол во улогата на таткото на малата Миа:

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

– Ќерка ми е супер, првите два месеци постојано се будеше. Бевме подготвени за тоа. По два месеци почна нормално да спие. Се си доаѓа на свое, Миа цело време се смее. Таа е многу позитивно и задоволно бебе- вели Марко и на крајот открива дека Луна и тој едвај чекаат уште деца:

фото Инстаграм/Луна Џогани

– Планираме проширување на семејството. Сакам Луна да одмори од породувањето, но разликата меѓу децата да биде што е можно помала за да можат заедно да одат во градинка и да се дружат. Работиме на различни проекти, се трудиме. Размислуваме за се што е големо – заклучува Марко Миљковиќ за „Блиц“.

фото принтскрин/Јутјуб

Инаку имотот кој го купија Луна и Марко има 80 метри квадратни, три соби и голема тераса.

Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Инстаграм/Луна Џогани

На локацијата каде Луна и Марко го купија станот, цената за квадратен метар е околу 2.000 евра, па за станот платија околу 160.000 евра.

Фото Принтскриј/Јутјуб

На заедничкиот профил на Јутјуб, тие снимија моменти кога ги посетиле салоните за мебел заедно со нивната ќерка Миа за да изберат што им треба.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

„Веќе ангажиравме човек што го работи нашиот мебел. Сето тоа ќе го снимиме затоа што сакаме да споделиме со вас се убаво што ни се случува, и ова се многу важни работи за нас. Се што има врска со влезниот дел, гардеробата во ходникот и спалната соба, но и просторот околу телевизорот и кујната е веќе дизајниран “.

“Го чекаме денот кога ќе ни ги дадат клучевите од новиот стан бидејќи зградата е сеуште ненаселена.

Како што се договоривме со инвеститорот, клучевите треба да ги добиеме на крајот на ноември, а потоа почнуваме со уредување. Треба да се вселиме. “кон средината на декември или најдоцна за Нова година”, рече Миjковиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close