Кафе муабет

Само два месеци по погребот на Мрка, тој се пресели кај неа- Ана повеќе не живее сама!

Внукот на Ана сака да ја исполни последната желба на Мрка...

Пејачката Ана Бекута кон крајот на минатата година остана без својот сакан Милутин Мркоњиќ, а сега, два месеци по неговата смрт, повеќе не живее сама.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
фото Инстаграм/Ана Бекута

Имено, според медиумите, Бранко, нејзиниот внук и најголемата поддршка, наводно се вселил во домот на Ана на улицата Крунска во Белград.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Бидејќи немал свои деца, Мрка го гледал синот на Ана, Игор како свој, а како родени ги гледал и нејзините внуци. За Соња и Бранко беше најдобриот дедо на светот, а Бранко го гледаше како идниот заштитник на Ана. Им купил автомобили и ги замолил да бидат секогаш тука за Ана кога и требаат и да не ја оставаат сама. Бранко сега му исполнува една од последните желби на Милутин Мркоњиќ, се грижи за баба му – вели изворот за „Свет“.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

За потсетување, српскиот политичар и почесниот претседател на СПС и народниот пратеник Милутин Мркоњиќ (79) почина во Белград во Инсистутот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.
Иако нивната љубов беше бајковите изминатите години само една желба не биле во можност да им се оствари, истакнала пејачката.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Жал ми е што немам дете со Милутин. Сакав порано да сме се сретнале и да имаме потомство. Тој би бил одличен татко сигурна сум во тоа.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

-Животот нас не спои малку касно за тие работи, но тука се моите внуци кои нас тоа ни го надоместија. Често зборуваме тој и јас како би ни се викало детето, дали би сакале повеќе момче или девојче…

ФОТО: Инстаграм/Ана Бекута

Сакаме да мечтаеме бидејќи нашата љубов е навистина силна, изјавила Ана Бекута пред неколку години.
Легендарната пејачка покрај својот партнер беше се до последниот ден, а нејзиниот син Игор од привот брак со клавијатуристот Александар Савиќ многу го почитувал и го ценел Милутин.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Мојот син не сака да се експонира во јавноста и едвај можеме да го натераме да дојде со нас на некое случување. Едноставно не сака медиуми. Милутин и Игор совршено се сложуваат. Игор го почитува Милутин повеќе од својот татко, зборувала пејачката своевремено.

Фото Инстаграм/Ана Бекута

Инаку Милутин Мркоњиќ додека бил во болничката постела ја заколнал Ана Бекута да му вети дека ако умре нема да престане да пее, објави Свет пред неколку дена.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Сите го знаат Мрка како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што насекаде носи само радост и смеа. И додека минува низ најтешката борба во животот, тој е позитивен и се труди да и олесни на Ана. Многумина беа изненадени кога објави дека нема да ги откаже настапите иако Мрка се бори за живот. Впрочем, не е фер да ја озборуваат Ана затоа што тоа било желба на Мрка, тој знае дека Ана во живот ја одржуваат песната и работата и затоа ја замолил да му вети дека нема да се откаже од музиката и во најтешките моменти – изјави извор близок до пејачката.

Фото Инстаграм/Ана Бекута
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм
ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close