Кафе муабет

Самохран геј татко посвол дете без родители од Камбоџа – малиот порасна и стана олимпиец!

Во јуни 2000 година, Џери отиде во Пном Пен, Камбоџа, каде што го запозна својот син, Џордан, кој живееше во сиропиталиште откако неговите родители починаа...

Во јуни 2000 година, Џери Виндл од Флорида посвои момче по име Џордан од Камбоџа.

Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл

Малото момче беше слабо, прегладнето, но израсна во силен млад човек кој ја претставуваше Америка на Олимпијадата оваа година.

Џери отсекогаш сакал да биде татко. Тој долго време се бореше со процесот на згрижување, а потоа еден ден виде статија за животот на сирачињата во Камбоџа. Тој не се двоумеше ниту за момент и реши веднаш да контактира со претставници на Камбоџа и наскоро доби вести што го сменија неговиот живот.

Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл

Во јуни 2000 година, Џери отиде во Пном Пен, Камбоџа, каде што го запозна својот син, Џордан, кој живееше во сиропиталиште откако неговите родители починаа. Тој бил неухранет и имал тешки инфекции. Џери го одведе во неговата куќа на Флорида и веднаш стана негов вистински татко.

По враќањето во САД, тие се соочија со многу пречки. Џордан имаше многу здравствени проблеми, беше исцрпен и слаб и комуницираше со Џери преку знаковен јазик пред да научи англиски. Тој тогаш имаше две години и само седум килограми. Џери не знаеше дали ќе преживее, но вети дека ќе стори сé што може за да му помогне на ова дете никогаш повеќе да не страда. Откако порасна, Џордан започна да нурка и наскоро стана професионалец.

Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл

Неговите олимписки соништа почнаа да се остваруваат кога наполни седум години. Во кампот, тој го привлече вниманието на Тим О’Брајан, син на познатиот тренер за нуркање Рон О’Брајан. Џордан влезе во специјална програма и започна да ги постигнува своите први успеси.

Оваа година, тој ги претставуваше САД на Олимписките игри во Токио, но ја носи Камбоџа во неговото срце.

Фото Инстаграм/ Џордан Виндл
Фото Инстаграм/ Џордан Виндл

Тој е првиот скокач на вода со камбоџанско потекло кој настапи на Олимпијадата, пишува Bored Panda.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close