Кафе муабет
Сале Тропико за прв пат проговори за врската на неговата поранешна и Марија Шерифовиќ: Еве дали Јована го остави поради нејзината колешка?
Откри дека тоа се невистини...
Минатата година во јавноста како бомба одекна веста дека по десет години брак се разведуваат Сале Тропико и пејачката Јована Пајиќ.
Во медиумите се ширеа различни гласини а една од причините за разводот наводно била врската на Јована со нејзината колешка, пејачката Марија Шерифовиќ.
Гласините сега станаа се погласни по заедничката посета на Марија и Јована на Верона а сега Сале Тропико за прв пат прозборе и се осврна на оваа многу чувствителна тема.
– Немам коментар за тие глупости. Јас и Јована сме во контакт, но нема смисла да се зборува за ова бидејќи е невистина. Не сум шокиран кога ќе слушнам такво нешто бидејќи е непотребно – изјави Сале и додаде дека моментално е фокусиран на кариерата.
Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ неодамна прилично револтирани остро негираа дека имаат нешто повеќе од пријателство.
– Пишувам, па бришам, па велам ме боли уво, но воопшто не ме боли. Никогаш ништо не негирав. И тука немам што, освен овие инсинуации и злонамерен наслов. Никому не му паднало на памет да не стави во овој контекст повеќе од една деценија, а кога ќе се разведеш, тогаш не си ничија работа, па секој може да си ја меша главата и да си лепи етикети како сака. Она што го слушнав за себе во изминатата година, ова е лимонада. Не сме во врска, но признавам, би било луда сензација! Ви предлагам да ме прашате конечно или ќе престанеме да се дружиме! Што мислите? – духовито реагираше Јована, по што следеше реакцијата на Марија:
-Со денови се пишуваат секакви гадости, лаги и клевети, без никаква проверка и аргументи. Тоа предизвикува голема штета на нас, кои сме омилени мети на ваквите текстови, но и на нашите семејства и пријатели. За тоа се грижат хуманоидните медиумски ајкули, желни за нашата крв и што повеќе читатели по секоја цена. Се чини дека сè е дозволено во таа хартиена гладијаторска арена. Таму нема фер-плеј и хуманост – рече Марија за невистините натписи на весниците.
Јована за јавноста откри дека се уште официјално не се разведени, а пред неколку месеци се шпекулираше за нивно помирување.
Тие имаат две ќерки и се трудат што повеќе да ја зачуваат својата приватност.
“Тој сè уште не е мој поранешен сопруг. Мојот брак не беше “на изволте”, па мислам дека и мојот развод не треба да биде. За мене, тој валкан веш е катастрофа, кога луѓето ги користат медиумите за време на разводот да се испровоцираат. Тоа не е во ред, бидејќи децата кои се уште одат на училиште и се дел од едно друштво. Тогаш најмалку се води сметка како тие ќе поминат“, изјави Јована во емисијата „Пулсот на Србија“ на телевизија Курир.
На прашањето на водителот Иван Гајиќ во каква врска се Јована и Сале, таа го потврди пишувањето на медиумите.
„Ние сме во коректни, нормални и многу кооперативни односи, кои, всушност, луѓето треба да ги имаат кога имаат деца“, рече Јована Пајиќ.