Кафе муабет

“Сакав да пропаднам во земја”: Пријовиќ откри како Филип ја запознал со Брена- го молев да не ме носи таму!

Пејачката се сеќава на почетоците на врската...

Врската меѓу Александра Пријовиќ и Лепа Брена често е на мета на медиумите, па неколку пати се пишуваше дека не се во добри односи, а сега Александра реши да ги открие сите детали.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Пејачката раскажа како се согласува со фолк дивата.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Сега со неам имам врска како со мајка ми. На почетокот не беше така, а тоа беше поради мене, се срамев искрено – изјави Александра за Свет.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

Пријовиќ потоа се осврна на почетокот на врската со Филип и моментот кога требаше за првпат да влезе во куќата на Брена и Боба како девојка на Филип, иако таа ги познава со години.

фото инстаграм/александра пријовиќ

-Брена и Боба ги познавам со години, пеев на нивните приватни прослави и сега сум тука одеднаш, во врска со Филип. Тогаш кога првпат дојдов, сакав земјата да ме проголта. Се чувствував како да сум направила нешто погрешно. Филип ми рече да одам кај него, а јас го молев да не ме носи таму – изјавила пејачката.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра неколку пати истакна дека Брена не и е свекрва, туку Зорица Накиќ, мајката на Филип и никогаш не криела дека и со двете има одлични односи.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра не сака често да зборува за приватниот живот, но рече дека колегите не и простуваат што се омажила за Филип Живојиновиќ. Исто така, често и се припишува дека кариерата ја подигна на повисоко ниво благодарение на Брена и Филип.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

„Мојот брак е многу поголем проблем за моите колеги отколку мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми ги простат и да минат преку нив, но откако се омажив за Филип, тоа никогаш нема да ми го простат. Понекогаш испаѓа дека без Филип и Брена немаше да успеам. Акцентот е секогаш на него, без разлика што сама ги финансирам сите песни и спотови“, изјави Александра Пријовиќ.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Таа тогаш решила да разјасни некои работи, па открила дека нејзината свекрва не е Лепа Брена.

фото инстаграм/александра пријовиќ

„Морам пред се да кажам дека мојата свекрва не е Лепа Брена, туку мајката на Филип, Зорица“, рече Александра, а потоа додаде:

фото Инстаграм/Филип Живојиновиќ

Брена е прекрасна жена која се грижи за семејството и е многу добар човек“, заклучила Александра и истакнала дека има прекрасен однос со Брена и Боба.

фото Инстаграм/Филип Живојиновиќ

За потсетување, Филип е дете на Боба и Зорица Десница, со која поранешниот тенисер беше само верен.
Јавноста често пати ја нарекува Пријовиќ, снаата на Лепа Брена, но тоа не е навистина така бидејќи Брена не е вистинска мајка на Филип.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Брена и Боба стапија во брак во 1991 година, а ги имаат синовите Виктор и Стефан, а пејачката го прифати и Филип како свој син, па може и да се забележи дека тие навистина се во многу добри односи.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close