MAMA
Ромео и Jулија од животинскиот свет: Во врска се четири години, таа е леопард, а тој е црн пантер
Сај и Клеопатра имаат и осуммесечно младенче
Сај и Клеопатра имаат и осуммесечно младенче.
Индискиот фотограф Митун Хунгунд мина шест дена во Карнатака, на реката Кабина, сè додека не долови совршена, ретка сцена. Тој успеа да ги фотографира заедно дванаесетгодишна женка леопард и осумгодишниот црн пантер. Двајцата се партнери веќе четири години.
На една од двете неверојатни фотографии на оваа двојка е прикажана Саја, пантер со тежина од околу 120 килограми, стои како сенка заедно на неговата 89 тешката партнерка Клеопатра. Втората фотографија ја прикажува двојката заљубена како се потпираат на дрво, јавува Националната географија.
Сај и Клеопатра имаат и осуммесечно младенче.
Какво место би бил светот без радост и смеа?
Сите добро знаеме дека љубовта и радоста се нештата кои нè прават живи. По напорниот ден, најдобро е да разменувате убави зборови и нежност со вашите најблиски, да донесете насмевка на лицето и да се смеете со нив.
Животните, исто како и ние, обожаваат забава и радост. Тие честопати се забавуваат поубави, послободни и невини од нас.
Домашните миленици се слатки и умеат да не’ расположат во кое било време.
Се прашувате дали треба да имате домашно милениче доколку имате мало дете? Па, погледнете ги овие причини кои ќе ве уверат дека треба вашите малечки да ги израдувате со некое животно.
Одговорност
Децата кои имаат домашно милениче развиваат чувство за одговорност и грижа кон другите, уште од мали нозе. Миленичињата бараат постојана грижа и нега, а целосно зависат од луѓето, кои ги хранат, забавуваат и дресираат. Затоа, грижата за миленичето го учи детето на емпатија.
Самопочитување
Заедно со одговорноста, со домашното милениче детето го зајакнува и самопочитувањето. Кога се успешни во грижата кон животните, децата се горди и се чувствуваат добро.
Помала склоност кон алергија и астма
Многу научни истражувања покажале дека децата кои израснале со домашни миленици имаат помали шанси од развој на алергија и астма. Изложени на животинските влакна, децата го зајакнуваат имунитетот и имаат дури два пати помали шанси подоцна да развијат силна алергија.