Кафе муабет
Родителите ја напуштиле кога била бебе без да знаат колку е посебна: Албино девојката постигна неверојатен успех, денес е модел на престижниот Вог
Судбината имаше план за неа...
Уште со самото раѓање Ксуели Абинг од Кина им покажа на луѓето дека е посебна.
Благодарение на оваа физичка разлика, пишува Би-Би-Си, оваа млада девојка со ваква несреќна судбина денес е модел на Вог, а водечките дизајнери ја ангажираат за своите кампањи.
Имено таа била напуштена од родителите најверојатно поради кинеско верување дека албинизмот е проклетство. Тие буквално ја оставиле својата ќерка пред сиропиталиштето незнаејќи дека албинизмот ќе и донесе голема среќа понатаму во животот.
Имено уште кога имала единаесет години Ксуели знаела што сака, па тоа и помогна да стане еден од најпознатите светски модели.
Кога биолошките родители ја оставиле пред породилиштето не оставиле никакви информации па таа ни денеска не знае кога и е роденден, не беше ни сигурна колку години навистина има, но кога една година мораше да направи рендген поради повреда на раката, лекарите ја процениле нејзината возраст врз основа на таа слика.
– Персоналот во сиропиталиштето ме викаше Ксуе Ли. Ксуе значи снег, а Ли значи убава. Бев посвоена кога имав три години и отидов да живеам со мајка ми и сестра ми во Холандија. Мајка ми рече дека не може да смисли посовршено име и смета дека е важно да се задржи таа референца на моите кинески корени, изјави Ксуели за Би-Би-Си.
– Некои деца, како мене, беа напуштени, други заклучени, или ако одат на училиште, косата им ја фарбаат црна. Меѓутоа, во некои африкански земји ги ловат, им ги отсе.куваат екстремитетите или дури ги уб,иваат. Надрилекарите ги користат своите коски за да направат лек затоа што луѓето веруваат дека може да се излечи болеста, но секако тоа не е вистина, тие верувања се митови. Имам среќа што бев само напуштена истакна оваа девојка.
Таа откри и како влегла во светот на модата…
– Во манекенството се впуштив случајно на 11 години. Мајка ми беше во контакт со дизајнерка од Хонг Конг. Нејзиниот син имаше расцеп на усна, поради што таа реши да му дизајнира многу фенси облека за луѓето постојано да не „зјапаат“ во неговата уста. Таа ја нарече кампањата „Совршена несовршеност“ и ме праша дали сакам да се придружам на нејзиното шоу во Хонг Конг. Тоа беше неверојатно искуство, рече Ксуели.
– После тоа бев поканета на неколку фотосесии, а една од нив беше за Брок Елбанк во неговото студио во Лондон. Тој го објави мојот портрет на Инстаграм. Моделската агенција Zebedee Talent стапи во контакт и ме праша дали сакам да им се придружам во нивната мисија да ги запознаат лицата со попреченост во модната индустрија, вели Ксуели.
Освен што физички се разликува од другите поради екстремно бледата кожа и целосно белите влакна, веѓите и трепките, албинизмот за неа значи и исклучително висока чувствителност на сонце, но и исклучително слаб вид.
– Можеби затоа што не можам да видам се како што треба, повеќе се фокусирам на гласот и на она што луѓето имаат да го кажат. Затоа поважна ми е нивната внатрешна убавина, рече таа.