Дом и семејство
Родителите “спијат на пари” а таа вака заработува за живот: Нема да верувате што работи ќерката на Саша Поповиќ
Завршила курс за нокти...
Иако очекуваме од децата на познатите, да се однесуваат како успешни и богати деца и да ги следат стапките на нивните родители, имаме и предрасуди дека се арогантни и дека единственото нешто што можат да направат е да ги трошат тешко заработените пари на нивните родители, сепак ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ е доказ дека ова мислење е сосема погрешно.
Според српски Ало, Александра неодамна завршила курс за маникир и моментално прави нокти.
Извор близок до Саша Поповиќ тврди дека неговата наследничка ја краси скромност, дека не е заинтересирана да се занимава со јавна работа и дека избрала необична професија за себе.
– Александра е свесна кои и се родители, не се срами од нивните работни места, многу е горда на татко и и мајка, на нивните кариери и успеси, но едноставно не ја сака јавноста – започнува изворот.
– Својот идентитет го крие на социјалните мрежи, се дружи со обичниот свет и не пати од однесувањето на кое се склони нејзините врсници, чии родители се познати личности – додава изворот.
Сузана, нејзината мајка, откри дека Александра се откажала од два факултети бидејќи и самата не знаела што сака да прави.
За потсетување, Саша Поповиќ во младоста важеше за голем заводник, но неговото срце го освои пејачката Сузана Јовановиќ со која е во брак со децении.
Пресвртница во неговиот живот била првата средба со ќерката Александра.
Ќерката на Саша Поповиќ не се експонира во јавноста и се труди да живее како секоја обична девојка.
Инаку Сузана од првиот брак го има синот Даниел, додека од вториот брак со директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, ја има ќерката Александра…
Таа е во брак со Саша Поповиќ долги години и токму за нив се смета дека се во еден од поидиличните бракови, а една од главните причини за нивната идилична среќа е врската на Саша со синот на Сузана, за која пејачката често зборуваше.
На 17-годишна возраст, Сузана се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.
Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци откако се породи и се врати во семејната куќа. За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.
Сузана и Саша ги пораснаа своите деца на вистински пат, а пејачката имаше среќа да се сретне со Поповиќ, кој го прифати Даниел како свое дете.
– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.