Кафе муабет

РЕАКЦИЈА НА ЕМИСИЈАТА ,,СРЦЕ НА ДЛАНКА’’ за случајот со Тале Витанов од Велес, погледнете што порачаа

Од емисијата јавно реагираа...

 

По веста која ја шокираше јавноста, дека Тале Витанов кој се претставуваше како самохран татко на две малолетни деца, всушност бил измамник се огласија многу личности.

 

Фото/Принтскрин

Јавноста го запозна Тале по една од емитуваните стории на емисијата Срце на Дланка кога се појави и ја растажи публиката со својата сторија дека е самохран родител на две малолетни деца кои често пати си легнуваат гладни бидејќи тој не е во можност да им даде храна и се што е потребно за нив.

 

Фото/Принтскрин

Овој апел кружеше на социјалните мрежи. Многу хумани граѓани се пријавија да му помогнат на Тале а воедно беше оставена и жиро сметка на која можеше да се испраќаат парични средства за помош.

    Фото/Принтскрин

-Здраво, јас сум Надица Витанова Ристиќ. Јас со тешко срце го пишувам ова, но еве овие два дена почна дури и фамилијата да плука по мене дека јас сум лоша и како никој од нив не ме сакал. Јас не сум должна да трпам пораки поради Тале затоа што целата емисија е голема лага. Додека вртеше емисијата, снаата беше тука, а бега ради тоа што ја тепа и се што таа ќе заработи Тале и одзема. Дури и полицијата во Велес е запознаена со Тале и истиот тој Тале пред неколку години освои 23.000 евра на апаратите, но повторно ги изгуби на истите тие апарати. И после сето ова, јас сум била лошата, никој не ме сакал. Јас имам сопруг и три деца што ме сакаат, а и снаата не ги остава туку така – само не знам зошто се враќа кај него кога тој редовно ја малтертира, а не смее, напиша сестрата на Тале.

 

Фото/Принтскрин

Изминативе денови на YouTube се огласи и познатиот јутубер и инфлуенсер Стефан Лазаров кој отиде дома кај Тале, снимаше видео и го објави.

Видеото наиде на доста критики кај публиката, која остана поделена, дел го поддржаа Стефан за храброста, дел го обвинија за лош пристап.

Фото/Принтскрин

Овие денови со реакција во јавноста излезе и емисијата која ја снимаше и објјави сторијата за Тале Витанов од Велес  – ,,Срце на дланка’’.

Фото/Принтскрин

Во соопштението од ,,Срце на дланка’’ на нивната Фејсбук страна стои:

(Пренесуваме дел од соопштението)

Овие неколку дена не реагиравме на провокациите кои беа упатени кон емисијата и последниот случај кој беше емитуван. Нашиот став позади кој стоиме и ќе продолжиме на ист начин со хуманоста во проектот “Срце на Дланка”.

„Срце на дланка“ е хуман и благороден проект кој веќе трета година работи во интерес на подобрување на животот на семејства од социјален ризик. Досега сме посетиле повеќе од двесте семејства со најразлични проблеми. Ни се јавиле и помош побарале луѓе со сериозни здравствени проблеми, луѓе кои донеле погрешни одлуки во животот, луѓе кои некогаш имале сè но поради сплет на околности, несреќа или порок останале без ништо.

За нас, сите заслужуваат подеднаква шанса да поверуваат во надежта за подобро утре и да се сретнат повторно во својот живот со хуманоста на граѓаните, поддршката, разбирањето и благородноста на човечноста. Не судиме никого и ничие минато, туку се водиме од човечкиот порив да се помогне секој во неволја, бидејќи знаеме дека денес е многу лесно да се најдеш во безизлезност.

Ставот на емисијата бил и ќе биде дека секој граѓанин кој се чувствува лошо и загрозено, има право да се пријави во нашата емисија и да побара да му се помогне. И ние ќе сториме сè што е во наша моќ, да им помогнеме на оние на кои најмногу и навистина им треба голема помош, малку надеж и многу љубов од сите нас.

Се разбира дека сметаме дека донациите треба да се искористат рационално и наменски, а луѓето кои се дел од емисијата, да започнат подобар живот. Впрочем и постојано објавуваме успешно завршени приказни за дарителите да знаат дека правилно и на вистинско место ги вложиле своите средства. Донациите што се донирани, досега не биле злоупотребени. Во повеќе од 90 проценти, луѓето имаат поубав живот. Направиле куќа, реновирале дом, добиле стан, ги собрале потребните средства за лекување, платени им се сметките за струја и долговите, живеат подостоинствено.

Нашиот став е дека секој има право на нормален живот и тој став на емисијата нема да го менуваме. Бидејќи едноставно за нас, сите луѓе се исти. Ниту сме правеле, ниту ќе правиме поделба и дискриминација на луѓето, по ниту еден основ, особено не за она што тие луѓе некогаш биле и поради која причина биле такви во минатото. Кај нас и за нас, сите се исти и секој има право да се покае, да побара помош и да го стави своето срце на дланка. Тука ќе наиде на хуманост, љубов и несебичната помош на сите искрени, чесни, добри хумани луѓе. Бидејќи никој од нас не е „осамен остров среде океан“. И не смее да биде – стои во реакцијата од Срце на Дланка.

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close