Кафе муабет

РАСКОЛ ВО СЕМЕЈСТВОТО НА БРЕНА И БОБА: Виктор и Стефан се скарале поради оваа девојка- се спакувал и си заминал од семејниот дом!

Наводно браќата се скарале поради Сандра...

Стефан Живојиновиќ веќе некое време не живее во вилата на Брена и Боба, а наводно тој тотално се осамостоил и живее во стан.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Од друга страна, неговиот брат Виктор се уште живее со родителите, а неодамна раскина со шминкерката Сандра Миљаковиќ.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

По приказната дека помладиот Живојиновиќ брзо ја заборавил оваа убавица и започнал врска со пејачката Лена Чолак, Сандра на Инстаграм веднаш објави фотографија со новото момче.

ФОТО: Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

Нејзиното ново момче е познат фотограф и режисер на видео, кој работи на големи рекламни кампањи и соработува со голем број јавни личности, а постариот брат на Виктор, Стефан, со кого Немања соработувал и се дружел ги запознал Сандра и фотографот, и така се родила љубовта меѓу нив.

Фото Инстаграм/Сандра Миљаковиќ

– Виктор Живојиновиќ се изненади кога виде кој е изборот на Сандра, особено откако беа објавени првите слики од Мексико. Тоа значи дека нивната врска трае веќе некое време, бидејќи по три дена запознавање нема да одат на другиот крај на светот. Виктор го прашал својот брат за што се работи, но факт е дека никој не ја принудил Сандра да стапи во контакт со пријател на Живојиновиќ, па во моментов сите се шокирани од нејзиниот избор. Лепа Брена му рекла на синот да не размислува за тоа и да си го живее својот живот а тој ја послушал и останал во добри односи со Сандра – вели изворот.

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

Инаку веќе извесен период на големо се пишува дека синот на Лепа Брена е во врска со поранешната „Гранд ѕвезда“ и една од најдобрите пријателки на Анастасија Ражнатовиќ.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Во јули минатата година Виктор Живојиновиќ ја раскина двегодишната врска со манекенката Сандра Миљаковиќ и сакаше извесно време да биде сам. По неколку месеци му се случи нова љубов – вели близок пријател на Виктор и открива каде синот на Брена ја нашол својата нова девојка.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Виктор и Лена се сретнаа неколку пати на заеднички приватни прослави, каде што беше ангажирана да пее. Веднаш му се допадна, но дури неодамна реши да и пријде и да и признае дека сака врска со неа. Лена му рекла дека и таа има симпатии кон него и така започна се …

Фото Инстаграм/Лена Чолак

На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил извор за „Стар“.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

Исто така, како што понатаму се наведува, Лена и Виктор се во тајна врска, бидејќи тој наводно не е подготвен да и каже на мајка си дека се гледа со неа судејќи по тоа што таа наводно го поддржува неговото помирување со Сандра.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

– Тој веднаш тргна во акција. Тие наздравуваа цела вечер, се смееја, а по настанот заедно со останатите од друштвото продолжија да се забавуваат. Колку што знам тие се во некоја тајна врска која се уште ја кријат бидејќи Виктор не смее да и каже на Брена дека се гледа со пејачката. Таа се уште навива да се смири со Сандра бидејќи ја засакала како ќерка – завршува изворот за „Стар“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Лепа Брена вели дека таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ не ги тераат синовите да се венчаат:

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Би сакала се да оди добро во нашите животи. Најубаво е кога се оди по логичен редослед. Мислам дека Стефан е зрел тип кој одлучува за своите емотивни избори, а мислам дека Виктор е уште млад. Има само 24 години и му претстојат избори, истакна Брена во една прилика.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Инаку ниту Сандра ниту Виктор не се огласија за раскинувањето, ниту мајката на Виктор, Лепа Брена, која беше обвинета дека наводно го „подгорела“ раскинувањето бидејќи не мислела дека нејзиниот син е „зрел за брак“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Освен тоа, до раздорот наводно дошло и за време на заедничкиот одмор во Дубаи, каде Брена не се одвојувала од синот и идната снаа, а тоа наводно и пречело на Сандра, па почетокот на крајот се почувствувал во воздухот.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Инаку, тие беа во врска две години, а преку летото се појавија првите информации дека се разделиле.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close