Рецепти

Развеселете ја вашата трпеза – направете вкусна пита на која никој не би можел да и одолее

 

Ви се најавија гости, а вие немате нешто благо, ние ви нудиме едноставен вкусен десерт со кој ќе ги изненадите вашите најблиски.

ФОТО: Илустрација/Јутуб

Би ви го предложиле рецептот вртена домашна чоколадна пита.

Вртената чоколадна пита е фин колач кој Наташа Пралица го споделила на својот блог Десертите на Наташа. Колачот е лесен за правење , а за процесот да е уште поедноставен, може да се искористат готови лиснати кори.

ФОТО: Илустрација/Јутуб

Состојки за тесто:

500 гр. лиснато тесто, 60 гр. растопен путер или маргарин, 2 лажици какао, 2 лажици шеќер во прав

ФОТО: Илустрација/Јутуб

Состојки за фил:

250 гр. Рикота сирење, 200 гр.чоколадо за готвење, 2 јајца, 3 лажици брашно, 3 лажици шеќер, Екстракт од ванила

За премачкување:

1 жолчка и малку млеко

ФОТО: Илустрација/Јутуб

Начин на подготовка:

За рецептот употребете готово лиснато тесто, кое треба да е одмрзнато пред употребата. Половина лиснато тесто( една коцка) се развлекува на набрашнета површина , со димензија 33×33 сантиметри и се премачкува со половина од растопениот маргарин или путер.Се мешаат какаото со шеќерот во прав и мешавината со помош на сито распоредете ја по површината на тестото.Свиткајте го во ролна тестото и пресечето го на парчиња со дебелина од еден прст.

Пресеченото тесто, ставете го во округол калап, обложен со хартија за печење и со прстите, притиснете по површината додека сите парчиња не се спојат во еден круг.

Постапката повторете ја и со другото парче од лиснатото тесто, а пресечените парчиња ставете ги во ладилник додека не ви затребаат.

Состојките за филот измешајте ги со миксер. Растопете чоколадо за готвење на пареа, оставете малку да се олади, а потоа додадете го во веќе направениот фил и премачкајте го филот врз лиснатото тесто. Извадете го исеченото тесто од ладилникот, наредете го во круг помеѓу две хартии за печење, колку што е големината на калапот за печење, потоа внимателно префрлете го тестото во калапот.Изматете жолчка со малку млеко и премачкајте ја питата. Ставете го калапот во претходно загреана рерна на 180 степени и печете околу 45 минути.

ФОТО: Илустрација/Јутуб

Питата се служи топла или ладна, по ваш вкус.

ФОТО: Илустрација/Јутуб

Добар апетит

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close