Брак
Разведените жени не се помалку вредни од останатите- таквите жени треба да се воздигнуваат и почитуваат!
На разведените жени не им треба сожалување, потребна им е поддршка и разбирање...
Бројот на разведени жени се зголемува секоја година, а според некои статистички податоци скоро секоја трета жена на возраст од 30 до 40 години е разведена.
Некои од нив повторно даваат шанса на љубовта и влегуваат во втор брак, па дури и трет, и иако има малку мажи кои се согласуваат на оваа авантура, сепак постојат.
Секоја личност заслужува втора шанса за среќа бидејќи на секој од нас може да му се случи да донесе погрешна одлука во животот, за која подоцна скапо плаќаме.
Повеќето од овие жени инвестираат во врската и се трудат нивниот брак да успее повеќе од било која друга но залудно.
Сепак животот не завршува откако жената ќе се разведе. По разводот може да има втора шанса и можеби судбината ќе им испрати на овие жени подобар маж од претходниот кој ќе знае како да ја направи среќна.
Многу жени по разводот не се ни обидуваат да најдат нов маж. Тие се посветуваат себеси и на своите деца и сметаат дека таквиот живот им е доволен.
Жената има потреба од машка поддршка, а само разведените жени не можат да го добијат тоа, бидејќи многу мажи сметаат дека овие жени се најдобри за краткорочни врски или само за сек с без обврски.
Многумина честопати коментираат за разведени жени и тоа не само со мажите, туку и жените.
Но, на разведените жени не им треба сожалување, не им треба некој да ги сожалува. Потребна им е поддршка и разбирање, не сожалување.
Секоја разведена жена имала причина да се разведе. Некои од нив беа напуштени, некои имаа лош брак кој повеќе не можеа да го поднесат, а некои се разведоа за да се заштитат себе си и своите деца. Разведените жени се како и сите други жени.
Тие не се помалку вредни и не треба да се сожалуваат. Таквите жени треба да бидат почитувани и восхитувани затоа што откако останаа сами прават работи за кои не ни биле свесни дека се способни.