Кафе муабет

Рада Манојловиќ се мажи?!- родителите на Харис мислат дека нема време, повеќе не е млада…

Изгледа пејачката и Харис конечно ќе стапнат на лудиот камен...

Веќе и врапчињата знаат за љубовта на Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ која трае долги години.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Имено парот успеа да изгради врска без скандали, и љубовта ја задржаа себично за себе, не дозволувајќи никој да им ја наруши идилата.

Сепак, како што дознава „Стар“, пејачката и нејзиниот девет години помлад партнер наскоро би можеле да ја официјализираат врската по наговор на неговите родители, бидејќи наводно тие го советуваат дека е време за тоа.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– На самиот почеток на нивната врска, родителите на Харис не беа многу ентузијасти за снаата, но ја засакаа со текот на годините и сега ја гледаат како ќерка. Затоа неодамна го притиснаа Харис и сериозно разговараа со него. Тие се во врска шест години и не размислуваат за брак или деца. Рада би сакала да биде реализирана како мајка, но нема да го тера Харис, бидејќи тој мисли дека е уште млад за да се реализира како родител, а таа го почитува тоа. А, годините ѝ одат, има 37 години, време е за породување – изјавил извор близок на парот за споменатиот медиум.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Исто така, Рада била прифатена од родителите на Харис како нивно дете, а Харис наводно го советувале да одлучи што да прави во врска со иднината со пејачката.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Таткото на Рада веќе не ги прашува за деца, се откажа од тоа, не се надева, но кога ќе се случи, ќе биде пресреќен, нема да размислува за тоа бидејќи само се нервира. Неодамна родителите на Харис му рекле: „Или жени се за Рада или остави ја, ѝ одат годините, таа не е во цутот на младоста, ако не сакаш да се ожениш и да бидеш татко нека ја најде девојката својата среќа. Треба да биде мајка. Види што ќе правиш, не можеш повеќе вака со неа“. Му се закануваа на Харис, а кога и кажаа на Рада, таа се изненади, а имам впечаток дека и беше мило, бидејќи ја почувствува нивната поддршка – заклучува изворот за Стар.

фото Архива

Инаку неодамна на социјалните мрежи таа објави фотографии кои ги разгореа гласините дека е бремена па сега Рада конечно реши да стави крај на озборувањата и призна се за овие шпекулации.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Харис е во право, тој беше првиот што рече дека изгледам како да сум бремена. Ги видов и коментарите. Тоа е само таква поза. Фотографијата испадна сосема спонтано. Секако дека не сум бремена.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close