Новости
Рада Манојловиќ минува низ пекол: Обидот за убиствo на нејзиниот татко длабоко ја потресе!
За среќа се поминало во најдобар ред...
Рада Манојловиќ не крие колку е приврзана за својот татко и во неколку наврати истакна дека тој е нејзина најголема поддршка.
Поради тоа таа многу му помага на својот татко Раде, му изгради куќа, инвестира во имотот, се грижи за неговото здравје бидејќи никогаш не заборави колку тој се жртвуваше за неа.
Тој беше нејзина најголема поддршка во животот и кариерата уште пред Рада да дојде во продуцентската куќа на Саша Поповиќ и да почне да се натпреварува во “Ѕвездите на Гранд”.
Таа ги поминала своите тинејџерски години пеејќи на крштевки и свадби, а таквите настапи се секогаш ризични бидејќи гостите генерално немаат почит кон пејачките како што посочува самата таа.
Рада откри дека во една прилика за малку ќе беше уб-иен нејзиниот татко Раде.
-Татко ми беше жртва во периодот додека работеше како мој менаџер. Никогаш нема да заборавам кога се обидоа да го уб-ијат така што го превртеа автомобилот во кој спиеше и го онеспособија воланот. Бев преплашена, но за среќа тој излезе неповреден. Татко ми е исклучително вешт и снаодлив човек, а ние имавме среќа – изјави еднаш Рада за „Свет“ и опиша дека и таа била нападната:
-Еднаш, пијан гостин со репетиран пи/штол влезе во шаторот каде што пеев и викна: Ќе ве уб/ијам сите. И тоа само затоа што пејачот со кој работев тогаш не знаеше да ја отпее песната што тој ја бараше. Единственото нешто што ме натера да се чувствувам заштитено тогаш беше тоа што татко ми беше со мене. Инаку, не се срамам што пеев на такви места. Јас сум исклучително горда на тоа, истакна Рада.
Не може да ја преболи загубата на мајка си!
Пејачката Рада Манојловиќ ја изгубила мајка си Мирјана кога имала само деветнаесет години. Иако денес живее живот како од бајка, има прекрасна сестра и татко болката за нејзината мајка не стивнува.
Нејзината блескава кариера ѝ помогна да ја заборави најголемата трагедија во животот кога мајка и почи-нала во нејзини раце.
-Најтешкиот период во животот ми беше кога ја изгубив мајка ми. Таа ум-ре во моите раце. Ја потиснав таа болка длабоко во себе за да можам да продолжам да живеам и да функционирам. Се трудам да не размислувам за таа загуба, но секој ден се сеќавам на мојата Мирјана – со тага во гласот изјави Рада.
Болката и денеска ја гуши, сепак, Рада истакнува дека е среќна што имале можност да се поздрават.
– Му благодарам на Бога што се се случи пред мои очи, што ја држев за рака додека умираше. Би се чувствувала ужасно ако работам некаде додека таа го напушта овој свет. Единствена утеха ми е што бев со неа во последните моменти – изјавила Рада.
– Не можам да ги извадам тие слики од мојата глава и само луѓе кои доживеале нешто слично можат да ме разберат. Кога почнувам да мислам на мајка ми, станувам тажна, депресивна и имам црни мисли. Затоа се трудам да не размислувам. Се убедив дека мајка ми е некаде на пат и се преправав дека смртта не постои. Тоа е единствениот начин да живеам со тоа – додала таа.