Кафе муабет

Рада го провоцира Харис по раскинувањето: Објави фотографија од популарниот актер и ги шокираше сите!

По шест години раскинаа...

Пејачката Рада Манојловиќ пред неколку дена на својот инстаграм потврди дека раскинала со Харис Берковиќ, а вчера објави фотографија од популарниот актер кој очигледно и се допаѓа.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада на својот Инстаграм профил објави фотографија од турскиот заводник Џан Јаман, а ги шокираше сите кога ја постави песната што ја отпеа во дует со Харис „Нека болат ноќите“ во позадина.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Ова ги изненади сите фанови на Рада. Сепак, не е познато дали Рада сакала да го испровоцира своето поранешно момче со кое до неодамна беше во врска. Како што неодамна се шпекулираше, причината за раскинувањето на Рада и Харис е ненадејното зближување на пејачката со Милан Станковиќ, но и противењето на родителите на Берковиќ за нивната врска.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

„Иако беа во врска со години, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Манојловиќ како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат хармонично. Ним не им се допадна тоа што е пејачката девет години постара од нивниот син, а ниту нејзиниот поглед во животот. Сакаа сосема поинакви работи“, рекол неименуван извор за весникот Ало и додаде:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

„Рада на секој начин се обидуваше да го освои срцето на семејството, но, за жал, не успеа. По пандемијата со коронавирус работите се искомплицираа уште повеќе. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па поголемиот дел од времето го поминува во Босна. Кога и да доаѓаѓе во Босна, Рада спиеше во хотели.Никогаш не доаѓала во неговата куќа, семејството избегнувало контакт со неа. Харис повеќе не можел да го издржи притисокот и го променил однесувањето кон девојката. Иако таа на многу начини се обидувала да ја спаси врската, на крајот раскинале“, заклучува изворот.

фото принтскрин

Нејзиниот обожавател Дарио Шогоровиќ пред неколку дена ја шокираше јавноста со заканите дека ќе сподели интимно видео со пејачката а потоа продолжи со обвинувањата дека пејачката посегнала по магии за да го задржи своето поранешно момче Харис Берковиќ…

фото принтскрин

Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Дарио, поранешен учесник на реалното шоу „Парови“ снимал п..но видео со пејачката Рада Манојловиќ, а сега Дарио упати нови обвинувања кон Манојловиќ.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Имено, Шогоровиќ тврди дека Рада посегнала по магии за да го држи под контрола своето поранешно момче Харис и да прави што сака со него.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Сестрата на Рада со некои баби отишла кај Хоџа, во Босна, се со цел да се премисли, за да може да го контролира. Момчето се заслепи. Родителите на Харис нашле белешки зашиени во неговите панталони, а додека бил во Белград, со неа, нашол белешки во неговите џебови. Таа потоа се преправаше дека е луда, како „Ај, кој ти го прави ова“, а сето тоа му го правеше за да биде нејзин. Посегнала по магии за да го задржи, тоа е суштината… – рече Дарио и објасни како магиите и врската со Манојловиќ лошо влијаеле на Берковиќ:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Неговите родители воопшто не ја прифатија. Како да ја прифатите. Го уништи своето момче. Почна да пие, да се коцка, таа се фали како му ги враќала коцкарските долгови… Па, исто како што направи Далила со Дејан Драгојевиќ. Неговите родители едвај успеаја да го разбудат – изјави Шогоровиќ.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close