Кафе муабет

ПУКНА ТИКВАТА: Џани ги потпиша документите и напиша – Готово е!

Слаѓа летуваше во Турција, додека Џани поголемиот дел од деновите ги минуваше во Црна Гора...

Фолкерот Радиша Трајковиќ Џани, како што пишуваат медиумите, има сериозни проблеми во бракот, а судејќи според приказните, тој и неговата сопруга Слаѓа планираат да се разведат.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic
Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Целата приказна беше поттикната од информацијата дека познатата брачна двојка наводно за прв пат отишла на одмор одделно.

Слаѓа летуваше во Турција, додека Џани поголемиот дел од деновите ги минуваше во Црна Гора.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic
Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Тие досега не се огласија за ова. Пејачот објави фотографија во друштво на адвокат, потпишувајќи некои документи. Она што ја шокираше јавноста е описот на фотографијата каде пејачот напиша: „Готово е“.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Сите веднаш помислија дека станува збор за развод, а ниту Џани ниту Слаѓа не одговорија за што станува збор.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic
Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Инаку сопругата на Џани беше мета на критики откако реши да проговори за моменталната ситуација и се пожали дека кризата им затропала на вратата.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Никогаш не сум тропнала на ничија врата, кој има ѓубре не гледа во неговиот двор, туку во нечиј друг. Ниту се фалам, ниту се жалам. Прилично е лоша ситуацијата, живееме со тоа. Имавме некои планови, но и некои трошоци. Да знаев дека ќе потрае ситуацијата подолго време, можеби немаше да инвестирам во нешто. Секој има свои маки – рече Слаџа и додаде:

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Луѓето постојано се прашуваат што јадеме? Па, јадеме паштета и леб, пржени јајца, јадеме како што и нормалниот свет. Дали некој прашува каде е едното дете, па друго, па третото, каде е едниот, каде е другиот стан, колкави ни се долговите? На пејачите им е лесно да заработат многу, но никој не потенцира дека имаме многу трошоци. Никој во ситуацијава не ми прости долг и никој не праша дали имаш пари да платиш? – заклучи сопругата на Џани за „Стар“.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Таа често пати во јавноста знае да истакне дека со сопругот живеат на висока нога, а како што вели, трошоците заради короната им се огромни.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic
Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Џани во една прилика откри дека одлично функционираат со Слаѓа.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Во мај славиме 25 години, никогаш не сум се скарал со жена ми, ниту пак ќе се карам. Таа ме познава и не ми пречи – додава тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close