Кафе муабет
ПУКНА ТИКВАТА: Александра Младеновиќ повторно слободна- “Нека ја даде бурмата на друга”, откри зошто раскина со Исак!
По три месеци ставија крај...
Пејачката Александра Младеновиќ вчера дојде на промоцијата на албумот на нејзината колешка Надица Адемов.
Таа се појави сама, без нејзиното момче Исак Шабановиќ, па откри што се случило.
Имено, Александра ја прашале каде е нејзиното момче, а таа веднаш одговорила: „Немам дечко“.
“Слободна сум, не се вклопивме. Ништо посебно. Ние сме два различни света, имаме различен поглед на животот, решивме дека е најдобро да ставиме крај. Се е убаво, но најважното врската е дома. иНема проблеми така се договоривме и така ќе остане.Не сакам да зборувам за ситуации, само слободна сум.Не патам, зошто би трпела, не се најдовме еден со друг“.
„Немаше да ја откријам врската ако не не видеа заедно, но убаво беше, му посакувам среќа. Траеше скоро четири месеци и не беше маркетинг. Ќе останеме пријатели и колеги, можеби ќе настапуваме заедно но едноставно не се согласуваме.
„Најдобро е секој да си оди по својот пат“, истакна Младеновиќ.
– Тоа што го подготви бурми е негов проблем. Слободно нека ги даде на друга. Спогодбено раскинавме. Ќе останеме пријатели и колеги. Имаме различни погледи на животот и најдобро е секој да си оди по својот пат – рече пејачката и додаде:
– Не е важно што неодамна го запознав со родителите. Момчињата флертуваа со мене дури и додека бев зафатена. Никој никогаш не изневерил. Ниту јас, ниту тој не сме од тој филм. Останавме во добри односи и му посакувам се најдобро, тоа имам да кажам – изјави Александра за Pink.rs.
Инаку, Младеновиќ блесна во црн корсет, тесни црни фармерки и високи потпетици.
Но она што е интересно денеска извор близок до пејачката за медиумите истакна дека всушност парот не раскинал но сака да ја сокрие врската од очите на јавноста.
– Александра на сите новинари им кажа дека ја раскинала романсата со Исак, но тоа не е вистина. Тие трпеа голем притисок од јавноста, не сакаа ни да зборуваат за врска се додека камерите неодамна не ги уловија заедно во Белград. Затоа се договориле да кажат дека раскинале, со надеж дека ќе можат понормално да функционираат – започнува изворот.
– Исак не сака да учествува во приказните на Александра за раскинувањето. Тој ја поддржува нејзината идеја, но не планира да се огласи на темата, па досега не потврдил дека ја прекинале врската. Ќе остави прашината да се спушти, па по некое време ќе види дали ќе зборува за нивната врска и на кој начин – додава изворот на „Блиц“.
Да потсетиме, Александра и Исак беа во врска три месеци, а ги запозна заеднички пријател. Тие двајца дури се појавуваа заедно на емисии и зборуваа за својата љубов, па дури и за интересни ситуации, со оглед на тоа што таа пее народни песни, додека Исак е рокер.
Неодамна пејачката истакна дека напорниот распоред не влијае на нејзината врска туку напротив се сакаат повеќе од било кога и откри дека за сега се уште немаат планови за да живеат заедно.