Кафе муабет
Проштално писмо на Никола Пишек до починатиот сопруг што ќе ви го скрши срцето: Да имаше уште вакви моменти, да не брзавме …
Водителката е неутешна по загубата...
На 44-годишна возраст почина историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, а неговата смрт изненади многумина.
Водителкaтa и негова сопруга Николина Пишек се огласи на својот Инстаграм профил и расплака многумина со емотивна објава:
“Сакаме ваков да те паметиме. Насмеан, светол, во бои, под сонцето. Со сите нас. Само да имаше уште вакви моменти. Да не се брзавме за уште една обврска, за друга прилика, да чекавме нешто да се реши за сите да би можеле да бидеме толку среќни заедно. Некои средби никогаш не се случуваат. Но, јас сум толку богата – и сите ние заедно – богати за сите бесценети моменти со тебе кои би можеле да исполнат три животи. И ти благодарам за секој од нив.Прости ми и ти благодарам за секоја тага – и тие нас не изградија. Ти благодарам за твојата љубов. Ти благодарам за Уна. Ќе живееш во секој од нас додека дишеме. И ќе те гледаме во твојата Уна и твојата Матеа и знај дека сме со тебе додека тие растат . Ти си наш. Патувај и не грижи се…“, напиша Николина.
Водителката вчера се огласи и откри како се чувствува по трагедијата, а за прв пат ја спомена и масерката која се нашла во моментот на смртта на историчарот на уметност.
Многумина шпекулираа дека Видоје починал за време на сек-суален однос со масерката, но неговиот татко го негираше таквиот навод велејќи дека сега не е вистинското време за оцрнување на образот на неговиот син единец.
-Неизмерна е тагата по синот, срцето ми се кине! На другите не им доликува да се занимаваат со теми кои се толку приземни и срамни во моментот кога не напушти едно младо и прекрасно суштество. Морам да кажам дека мојот син не ум-ре за време односи. Денеска ги добив резултатите од обдукцијата. Смртта е предизвикана од респираторна инсуфициенција, поради што престанала работата на срцевиот мускул – изјави Миша Гроф со тага во гласот, додавајќи:
– Ве молам, не го оцрнувајте споменот на мојот син, татко на две прекрасни ќерки, имајте душа и нека почива во мир!
Николина пак истакна дека се што и е потребно во моментот е почит и сочувство…
– Сè уште ми е тешко, не сум се опоравила целосно, а гледам дека многумина не разбираат. Што се однесува до причината за смртта на Видоје, што има да се коментира. Тие прашања за масерката ме навредуваат, нема да коментирам ништо и не знам кои се моите следни чекори. Сè што ми треба во моментов е малку мир и приватност. Не се лутете, сега ми треба само малку сочувство – изјавила Николина Пишек.
Да потсетиме, сопругот на Никола Пишек, Видоје Ристовиќ почина за време на масажа. Обдукцијата утврдила дека смртта настапила поради респираторна инсуфициенција, а токсиколошките анализи ќе бидат готови за еден месец.
Видоје ќе биде погребан во четврток на 12 мај на Новите гробишта во Белград, а обдукцијата заврши вчера.