Кафе муабет

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ГОЦА И РАША! Пејачката сподели ДОБРА ВЕСТ – ЧЕСТИТКИ пристигнуваат од сите страни!

Слават годишнина...

Пејачката Гоца Тржан и тапанарот Раша Новаковиќ денеска имаат важна причина за славење.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Имено, денес се навршуваат седум години откако си ветија вечна љубов еден на друг, а овој важен датум го одбележаа со торта во форма на срце.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Мој сакан сопруг, среќна седма годишнина. Од се срце ти честитам што ме трпеше сите овие години (вкупно 11). Те сакам – порача Гоца преку социјалните мрежи.

фото инстаграм/Гоца Тржан

Набргу потоа и Раша ја сподели истата објава на својот Инстаграм профил, а следбениците им посакаа среќа и да останат заедно „барем пет пати подолго“.

фото инстаграм/ гоца тржан

Да потсетиме, Тржан и Новаковиќ својата емотивна врска ја започнаа во 2011 година, а се запознаа кога тој дојде на аудиција да биде член на нејзиниот пратечки бенд.

фото инстаграм/ гоца тржан

За малку ќе добиеше отказ  кога почна да се додворува на пејачката, но како одминуваше времето Гоца беше се помалку имуна на неговото додворување.

фото инстаграм/ гоца тржан

Гоца во една прилика откри и каков необичен подарок побарала од својот сопруг Раша за 10 години брак.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Би сакала да го вкрстам гласот со Дејв Грол, тој е брутален фраер и ја сакам неговата музика. Слушам и уметничка музика, затоа дојдов на концертот на Бочели. Го задолжив сопругот да ми обезбеди билети за концертот на Јонас Кауфман, кој моментално е еден од најбараните оперски пејачи, за 10 години брак, му реков дека мора да го направи како знае и умее – изјави пејачката.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Се борат за потомство!

Како што е веќе познато во јавноста Гоца Тржан и нејзиниот избраник Радомир Новаковиќ со години се борат за потомство, а бидејќи оваа желба се покажа тешко остварлива, често тема е разводот на Гоца и Раша.

фото инстаграм/ гоца тржан

Разликата во години е и причина за овие шпекулации, но Гоца и Раша успешно се спротивставуваат на искушенијата и повторно докажуваат дека нивната љубов е посилна од се.

фото инстаграм/ гоца тржан

Успехот на ин витро оплодување им е примарна цел и не се откажуваат од големата борба.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Не ми е гајле за другите луѓе и предрасудите. Луѓето кои ме познаваат мене и Раша знаат колку сме компактни и колку добро функционираме. Животот е премногу краток за да го живеам во страв од иднината… Сакам да го живеам мојот живот во потполност, бидејќи нема иднина, нема минато, постои само овој момент што го живееме сега – изјави Гоца во една прилика и додаде:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Ги живеам најубавите години од мојот живот, дури и да мислев во тој момент кога се сретнавме јас и Раша и да речев: „Еден ден ќе ја видиш таа разлика“, немаше да ги имам овие најубави 11 години во мојот живот. Дефинитивно ќе ја видите разликата, не ни кријам… Се шегуваме со тоа. Во суштина, ние неизмерно се сакаме и почитуваме, нашата врска и брак не се засноваат само на физичка привлечност. Еден ден ако сака да биде со помлада и поубава жена, не можам и нема да го задржам, бесмислено е, бидејќи и јас на 60 ќе му бидам пиленце на некој 80 годишен чичко, рече Гоца.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан
Фото Инстаграм/Гоца Тржан
фото инстаграм/ гоца тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close