Кафе муабет

ПРИСТИГНУВААТ ДВЕ БЕБИЊА – ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА РОКВИЌ: Никола и Бојана по трет пат ќе станат родители, ЧЕСТИТИТКИ ПРИСТИГНУВААТ ОД СИТЕ СТРАНИ!

Голема радост во домот на пејачот...

Пејачот Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ наскоро ќе го дочекаат своето трето дете.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

По ќерката Леона и синот Симеон, на семејството Роквиќ ќе му се придружи уште еден член, а интересно е и тоа што помладиот брат на Никола, Марко пред само неколку дена сподели убава вест со јавноста, кога откри дека тој и неговата избраничка Сара очекуваат уште едно дете!

фото инстаграм/Никола Роквиќ

По синот Деспот, Марко и Сара ќе добијат девојче, а се уште не се знае каков пол ќе биде третото дете на Никола и Бојана.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

Марко и Сара не можеа да ја сокријат среќата откако дознаа дека Деспот ќе добие сестра, па со јавноста споделија видео од радосниот момент, а Сара откри дека големата желба им се исполнила:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Oster Rokvic (@oster_little_momster)

– Кога беше Деспот во утробата сакавме момче со црни очи и тоа дојде кај нас, сега посакавме девојче и розовата боја се рашири по небото и во нашите срца. Покрај првата најважна вест дека бременоста е во ред и дека се е во ред со бебињата, ова се неколку убави споредни работи кои сакавме да ги споделиме со вас бидејќи со години сме тука со вас – напиша Сара во описот на видеото каде е овековечен  моментот кога семејството ја дознава добрата вест.

фото инстаграм/ Сара Роквиќ

Никола Роквиќ радосната вест дека неговиот брат ќе стане татко ја дочека со солзи радосници.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Никола Роквиќ, кој е прекрасен чичко на синот на Марко, со радост ја прими радосната вест, а се радуваше и целото семејство кое нетрпеливо чека да го слушне плачот на новороденчето кое ќе донесе нова радост во нивните домови.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Но покрај тоа и тој и Бојана го очекуваат своето трето дете, па во семејството ќе има двојна прослава.

фото инстаграм/Бојана Роквиќ

Инаку пејачот Никола Роквиќ неодамна ја шокираше целата јавност, кога призна дека има голема желба да се замонаши.

фото инстаграм/Бојана Роквиќ

Неговата сопруга Бојана Баровиќ го поддржа во таквата одлука, што е показател колку е цврст нивниот брак.

фото инстаграм/Бојана Роквиќ

Како гостин на Марина Рајевиќ -Савиќ во емисијата „Додека спијат ангелите“, Никола искрено проговори за тоа колку му е важна верата.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Роквиќ објасни и колку вербата во Бог му помогнала во еден од најтешките моменти во неговиот живот, кога тој и Бојана размислувале да се разведат:

фото инстаграм/Бојана Роквиќ

– Пет години живееме на релација Србија-Америка. Трпеше мојата работа овде, нејзината таму, па имаше кавги во врската. Рековме во еден момент дека ќе се разделиме. Ми беше тешко, а се мачевме многу.

фото инстаграм/Бојана Роквиќ

Потоа повторно ми се појави тоа чувство на убавина. После сфатив дека тоа е благодет. Внатрешен глас ми рече да продолжам да го читам Новиот завет. Го отворив Евангелието по Лука, раѓањето на свети Јован Крстител во Белград. Ја најдов на Централните гробишта. Одам таму и таму е наметката на Света Петка. Два петока отидов да пеам со луѓе во црква. Се молев пред иконата на Света Петка и Свети Јован Бог да не спои мене и Бојана, да ја немаме повеќе таа дистанца – искрено изјави Никола и откри засега непознати детали.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

-Не знам зошто тогаш реков: „Боже, би сакал Бојана да е трудна, да се собереме на едно место и повеќе да не се разделуваме“. Во еден момент реков дека Бог постои само ако Бојана е бремена. Таа подоцна доаѓа од Америка и ми дава подарок. Додека го земав, под подарокот ми подаде рака и тест за бременост. Тогаш бев шокиран! Не можев да кажам ни збор. Значи, Господ постои, а од друга страна ми се исполни големата желба. После неколку дена Бојана ми кажува дека сонувала жена во црно, дека дошла да и каже да не се грижи и дека се ќе биде во ред. Тогаш и кажав дека е Света Петка. Леона подоцна ни се роди на денот на Света Петка Трнова, а ја крстевме на Света Петка Српска – рече Никола.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close