Новости
Преубави вести од домот на Ражнатовиќ! Вељко и Богдана пресреќни, Цеца горда на својот син!
Целото семејство се радуваше на овие вести
Убави вести пристигнуваат од семејниот дом на Ражнатовиќ, а убавата Богдана сега е уште погорда сопруга.
Имено, Вељко Ражнатовиќ деновиве, како што пишуваат српските медиуми, стана дел од тимот на боксерскиот клуб Црвена ѕвезда.
Тој досега беше млада надеж во БК Сомбор, но сега се очекува да дебатира како припадник на црвено-белите.
Богдана која својот маж безусловно го поддржува и бодри на секој меч е горда на неговиот голем успех.
Покрај Богдана секако дека е горда и неговата мајка Цеца, која стои и му дава поддршка за секоја негова одлука.
Таа деновиве беше и на еден боксерски натпревар како специјална гостинка на клубот за кој боксира нејзиниот син.
Таа на овој настан беше заедно со својата сестра Лидија Оцокољиќ кога ги воодушевија сите со своето присуство.
Инаку Цеца деновиве се најде во центарот на вниманието и заради тоа што ја замени Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа вчера дојде на првото снимање на емисијата облечена во модно издание за кое се уште се зборува.
Таа беше облечена во тесни панталони и светкаво сако, а во центарот на вниманието беше нејзиното деколте.
Како таа изгледаше, погледнете во продолжение: