Кафе муабет
ПРЕСЛАТКО: Девојче со Даунов синдром доби кукла која личи на неа- нејзината реакција ќе ве расплаче!
Кога првпат ја виде, се зачуди. Потоа ја прегрна, ја потчукна по грбот и ја бакна во образот...
Нема ништо поубаво кога же го видиш сопственото дете среќно.
39 годишната мајка на девојче со Даунов синдром, Кимберли Молман реши да ја изненади својата ќерка со необичен подарок.
Имено таа за нејзиниот втор роденден реши да купи кукла која личи на неа.
Олив е девојче со Даунов синдром и кога ја виде куклата беше воодушевена.
Симпатичното видео, снимено од Кимберли на 5 март, покажува како Олив возбудено го отпакува својот подарок, персонализираната кукла која ја доби од својата мајка и ја проучува. Кога првпат ја виде, се зачуди. Потоа ја прегрна, ја потчукна по грбот и ја бакна во образот.
Нејзината мајка призна дека почнала да плаче од среќа.
– Бев толку горда што ја видов нејзината реакција. Срцето ќе ми пукнеше од радост кога видов колку многу и се допаѓа и ја потчукна по грбот. Мислам дека ова е едно убаво видео што мами насмевки и солзи радосници кај луѓето. Ни требаат повеќе вакви позитивни видеа во овие стресни периоди “, рече Кимберли.
Нејзиното видео собра повеќе од седум милиони прегледи на социјалните мрежи каде Кимберли често објавува снимки од нејзината ќерка.