Дом и семејство
ПРЕСЛАТКА ФОТОГРАФИЈА: Прва прошетна на малата Алба- Хана ја покажа ќерката, ужива во улогата на мајка
Ги користат последните топли денови...
Сопругата на Петар Грашо се породи на 17 јули во Сплит, а пет дена пред очекуваниот термин со царски рез го родила девојчето Алба.
Како што објавија тогаш хрватските медиуми, ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ е родена со 50 сантиметри и 3150 грама.
Музичката двојка избрала посебно име за својата ќерка, кое го открија неколку недели пред раѓањето, а интересно е што името Алба можат да го користат и момчињата и девојчињата. Потекнува од латинскиот збор „албус“, што значи „бел“ или „светол“, а исто така се преведува и како „зора“, па симболизира обновување на силата и упорност.
Пејачката неодамна го имаше првото официјално излегување по породувањето во Сплит, каде присуствуваше на доделувањето на „Камил наградите“ во друштво на нејзиниот татко, мајка и брат.
Со својата линија која многу брзо ја доведе до совршенство привлече големо внимание, а сега ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ е главна тема во медиумите откако во јавноста се појави со својата мајка.
Имено, порталот „Далмација“ ја уловил сопругата на Грашо како сама шета со бебето во центарот на Сплит, што предизвика бројни реакции и коментари. Во лежерно издание, фармерки, маица и патики, Хана го прошета своето бебе низ градот и на сите им даде до знаење колку ужива во оваа улога и дека нејзиното бебе сега е приоритет.
Неодамна пак, таткото на малата Алба се пожали дека поминуваат многу малку време заедно.
Грашо вели дека поради бројните концерти и обврски не успева да помине доволно време со семејството.
– Целта ни беше концертната година да ја заокружиме со најголемата арена во регионот, а тоа е Белградската арена. Навистина се радуваме на тоа, изјави неодамна за медиумите Петар Грашо.
Како што изјави, ќе настапи на 11 ноември, а публиката може да очекува два часа чиста емоција и радост и со сигурност тврди дека целиот концерт ќе биде позитивно и пријатно изненадување.
– Со оглед на тоа што годината ја исполнив со концерти уште пред да се роди ќерка ми, за жал не стигнувам ни да ја видам. Сè уште е бебе, воопшто не се занимава со музика. Ќе ги видиме нејзините афинитети, полека, рече Грашо.
– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – рече Петар неодамна.
Тој рече дека е горд што луѓето од 7 до 77 години го слушаат.
Додека нејзиниот сопруг е доста активен на деловен план, Хана се посвети на ќерката Алба која ја добија во јули.